Министерството за локална самоуправа ги врши работите што се однесуваат на:
– следењето на развојот и предлагањето мерки за унапредување на локалната самоуправа;
– следењето на состојбата за територијалната поделба и развивање стандарди за големината, населението и потребите на единиците на локалната самоуправа;
– предлагањето на системот, политиката, мерките и инструментите за остварување порамномерен регионален развој и за поттикнување на развојот на стопански недоволно развиените подрачја;
– остварувањето и користењето на средствата наменети за стопански недоволно развиените подрачја;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3106-302; 02 3106-336