Министерството за култура ги врши работите што се однесуваат на:
-следењето, анализирањето и предлагањето акти и мерки за развој и унапредување на културата;
-организацијата, финансирањето и развојот на мрежата на националните установи и финансирањето на програми и проекти од национален интерес во оваа област;
-заштитата на културното богатство;
-издавачката, музичката, сценско-уметничката, филмската, галериската, библиотечната, архивската, музејската и кинотечната дејност, дејноста на домовите на културата и дејноста за посредување во културата;
-заштитата на авторското право и сродните права;
-споменичкото одбележување на настани и истакнати личности од национален интерес;
-надзорот од негова надлежност и
-врши и други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3240-523; 02 3240-561