Министерството за здравство ги врши работите што се однесуваат на:
– здравствената заштита и здравственото осигурување на населението;
– загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните продукти;
– организацијата и развојот на здравството;
– следењето на здравствената состојба на населението;
– заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења, бучавата, загаденоста на воздухот, водата и земјиштето;
– прехранбените производи и предмети за општа употреба;
– хигиено-епидемиолошката состојба;
– лековите, помошните лековити средства, медицинските помагала, медицинската опрема, санитетските уреди и материјали;
– отровите и опојните дроги;
– надзорот од негова надлежност и
– врши други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3296-522; 02 3112-500 лок. 227