Министерството за транспорт и врски ги врши работите што се однесуваат на:
– патниот сообраќај и патната инфрастуктура;
– железничкиот сообраќај и железничката инфраструктура;
– воздушниот сообраќај и воздухопловната инфраструктура;
– внатрешната пловидба;
– телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
– радиодифузијата и радиодифузната инфрастуктура;
– поштенскиот сообраќај и поштенската инфрастуктура;
– други видови на транспорт и инфраструктура која е неопходна за вршење транспорт (жичари и ски-лифтови и слично);
– станбено-комуналните работи, соодветната инфраструктура, уредувањето на просторот и управувањето со градежното земјиште во сопственост на Републиката и
– врши и други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3145-510