Министерството за животна средина и просторно планирање ги врши работите што се однесуваат на:
– следењето на состојбата на животната средина;
– заштитата на водите, почвата, флората, фауната, воздухот и озонската обвивка од загадување;
– заштитата од бучава, радијација, заштитата на биодиверзитетот, геодиверзитетот, националните паркови и заштитените области;
– реставрацијата на загадените делови од животната средина;
– предлагањето мерки за третман на цврст отпад;
– просторното планирање;
– просторниот информативен систем;
– надзорот од негова надлежност и
– врши и други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3066-930 лок. 188; 02 3229-808 и 02 3229-717