Агенцијата за млади и спорт ги врши работите што се однесуваат на:
– грижата за психофизичкиот развој на младите и нивната заштита од болести на зависности, проституцијата, криминалот и други социопатолошки појави;
– грижата за статусот на младите;
– поттикнувањето и помагањето на различните облици на организирање на младите;
– преземањето активности за создавање услови за задржување во Република Македонија на способните и талентирани млади, како и создавањето услови за стимулирање на нивното враќање во Република Македонија;
– следењето на спортските и спортско-рекреативните активности од областа на спортот;
– следењето на развојот на врвниот спорт и
– врши и други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3119-628; 02 3138-534