Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗСПИЈК), составена од  Заменик претседателот г-дин Блерим Исени, членот  г-ѓа Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот, г-ѓа Макфирете Морина Сулејмани, ќе земе учество на Регионалната конференција на тема  „Слобода на јавното информирање“, што од 17 до 19 септември ќе се одржи во Приштина, Република Косово. Притоа,  Заменик-претседателот на Комисијата, Блерим Исени пред учесниците ќе ги презентира досегашните искуства од примената  Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија.

Покрај  претставниците од Македонија и Косово, на Конферецијата чија цел е размена на регионалните практики и примената на легислативата за слободно информирање,  ќе земат учество и претставници од  сродните институции од Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.