Во хотелот „Стоун Бриџ„ во Скопје, денеска се одржа Меѓународна Конференција за стратешки пристап до Развојот на механизмите за заштита на личните податоци. Конференцијата се одржа во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и проектниот тим на ИПА 2008 проектот „Поддршка во подготовка на стратешки документи и соодветни акциски планови, вклучувајќи и истражување за свеста на медиумите за подобрена имплементација на правото на заштита на личните податоци„.
Пренесувајќи ги искуствата од своите земји, повеќето учесници констатираа дека современите средства за комуникација нудат повеќе можности, но исто така и ризици особено за нарушување на приватноста и на идентитетот на личноста. Токму затоа што станува збор за фундаментално човеково право во ЕУ се усвоени директиви за заштита на личните податоци, како и начела кои треба да бидат на сила во земјите членки на Унијата.
Според најновите истражувања, во Европа но и кај нас предничат претставките поврзани со злоупотребата на личните податоци од социјалните мрежи, но не е мал ниту бројот на претставките кои говорат за злоупотреба на податоци од областа на телекомункации, банкарски сектор, од здравствен и осигурителен сектор. Во оваа смисла треба да се влијае на свеста на медиумите во правец на подобрување на имплементацијата на правото за заштита на личните податоци, но пред се за почитување на правото на приватност кај граѓаните, од нивна страна.
Една од посебните теми на интерес во рамките на тркалезната маса на Конференцијата беше и „Правото на заштита на личните податоци и правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„ и на неа активно учествуваше претставник од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Тој предочи дека заштитата на личните податоци исто како и правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се уставно загарантирани права и дека ниту едното од нив може и смее да го ограничува другото, ниту пак може да се стави во надредена позиција. Потсетувајќи на претходно одржана тркалезна маса наменета за олеснување на спроведувањето на Законот за пристап до информациите од јавен карактер, претставникот од Секретаријатот на Комисијата меѓутоа предочи дека експертите го нагласиле универзално прифатениот принцип, според кој Законот за пристап до информациите од јавен карактер е над постојните закони и треба да биде водечкиот принцип во севкупната комуникација меѓу властите и граѓаните. Пооделните недоречености во легалната постапка на спроведувањето на двата Закона, треба да се надминуваат со спроведување на тестот на штетност, што ќе рече дека пристапот до некои информации може да не биде одобрен само доколку нивното објавување би можело да нанесе непоправлива штета.