Во светот со бројни манфестации денеска се одбележува  Меѓународниот ден на човековите права- 10 –ти декември. На денешен ден во 1948-та година во Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации е донесена прокламација со која е усвоена и потпишана Универзалната декларација за човековите права.
По традиција на овој ден се доделуваат наградата на ООН од областа на човековите права и Нобеловата награда за мир.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како орган кој активно и енергично е вклучен во заштитата`на човековите права, се придружува на честитките и ги охрабрува  барателите и имателите на информации од јавен карактер, како и  невладините организации да го користат демократското право за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кое е опишано и санкционирано во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.