ИНСТИТУЦИИИНСТИТУЦИИ 1Петнаесеттина претставници од државните институции во својство на службени лица, земаа учество на денешната обука што се одржа во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Присутните ги поздрави, претседателот на Комисијата г-дин Пеце Ташевски, кој меѓу другото истакана дека целта на обуката на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„ е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на  лицата задолжени за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските на имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Според Ташевски, обуката може да има драгоцено значење за подобро имплементирање на Законот во пракса, особено кај државните институции чија работа постојано е во фокусот на интерес на барателите на информации од јавен карактер.
Обучувачи од Секретаријатот на Комисијата, ги запознаа присутните со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, а преку претставување на Законот, службените лица стекнаа знаења и за постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочната постапка, како и за обврската на имателите на информации да подготват Годишен извештај.  Со проактивно учество на присутните, беа разгледани и неколку досегашни примери од барања што биле упатени на адреса на државните институции.