Во календарската 2007 година на адреса на досега евидентираните иматели на информации од јавен карактер биле поднесени вкупно 1476 барања за пристап до информации од јавен карактер. Притоа граѓаните добиле одговор на 1330 барања што биле предмет на нивниот интерес, додека на 146 поставени прашања имателите или не одговориле („молк на администрацијата„), или со соодветни решенија ги информирале барателите за причините поради кои се одбиени нивните барања за пристап до информациите од јавен карактер. |