Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со денешната промоција на краткиот анимиран филм на А1 телевизија ја започнува медиумската кампања за издигнување на свеста, поконкретно запознавање и едукација на граѓаните за нивното законско право за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Кампањата ќе се одвива до крајот на  месец октомври, а предвидени се вкупно 14 проекции на анимираниот филм во четири различни ударни термини.
На 13, 15, 20 и 25 октомври, анимираниот филм ќе биде прикажан непосредно пред вестите во 16,30 часот.
Пред вестите во 19,00 часот, филмот ќе биде емитуван на 18, 23, 24 октомври, додека на 14, 16 и 21 октомври во 18,30 часот.  
 На 17, 24, 28 и 31 октомври овој анимиран филм граѓаните ќе можат да го проследат во терминот од  21,00 часот.
   Краткиот анимиран филм е реализиран со финансиска поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија во соработка со Македонски институт за медиуми, како дел од пообемниот проект „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.