Претставник на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 29 октомври и на 14 ноември оваа година, учествуваше на состаноците за реализација на Акцискиот план за борба против корупцијата. Состаноците беа организирани од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за правда во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата.
Претставникот на Комисијата особено активно учество зеде на средбите на организаторите со претставниците на јавната администрација и локалната самоуправа. Притоа, учесниците беа запознати со целта на постоењето и работата на Комисијата, посебно во делот на транспарентноста при постапувањето по барањата и жалбите на барателите на информации од јавен карактер.
Беше нагласено дека работењето на Комисијата е во непосредна спрега со работењето на организаторите на собирите, и дека Комисијата и во иднина ќе работи во корист на остварувањето на целите зацртани во Акцискиот план за борба против корупцијата.