Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (член 37), имателите на информации од јавен карактер имаат законска обврска да подготват Годишен извештај за спроведување на ЗСПИЈК за календарската 2009 година и истиот да го достават до Комисијата, до 31 јануари 2010 година.
Овие извештаи ќе бидат составен дел на Годишниот извештај за спроведување на ЗСПИЈК, кој Комисијата го изготвува и доставува до Собранието на Република Македонија
Одговорното лице кое нема да подготви Годишен извештај и истиот нема да го достави до Комисијата во предвидениот законски рок, ќе биде казнето со глоба во износ од 100 до 500 евра, во денарска противвредност согласно со член 8 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, која Комисијата ќе ја реализира преку поведување на прекршочна постапка.
Напоменуваме дека образецот на Извештајот го има на веб страната на Комисијата (www.komspi.mk).
За сите дополнителни прашања или нејаснотии околу подготовката на Извештајот, како и секогаш кога станува збор за примена на Законот, можете да се консултирате со Стручната служба на Комисијата, лица за контакт: Жорж Поповски и Оливер Серафимовски; тел. (02) 3118-038.