Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID Проектот за јакнење на судството, ја подготви брошурата„ Ти имаш право да знаеш“, која третира проблематика од сферата на слободниот пристап до информациите од јавен карактер. Со сугестии, коментари и дополнувања во стручниот дел, излегувањето на оваа публикација го помогна Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
До Комисијата се доставени 3.000 примероци од оваа информативна брошура, од кои еден дел веќе на трети јуни ќе им бидат поделени на претставници од судската и обвинителската фела, кои ќе учествуваат на обуката што Комисијата ќе ја реализира во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.
Примероци од брошурата „Ти имаш право да знаеш“ ќе им бидат поделени и на заинтересирани граѓани, а дел ќе бидат поделени и на учесниците на претстојните регионални обуки во организација на Комисијата.