Одговорни и службени лица, како и раководители на сектори за правни и општи работи од Акционерски друштва во државна сопственост и од повеќе Комори кои вршат јавни овластувања, беа учесници на завршната петта работилница на тема „Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“, што се одржа денеска во хотелот „Арка“ во Скопје.
Оранизатори на оваа интерактивна едукативна средба беа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а целта беше подигнување на свеста и степенот на запознаеност на учесниците со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со измените на истиот од 2010 година, како и со можностите кои произлегуваат од него за имателите и за барателите на информации од јавен карактер.
Сознанието дека преставници на разни институции беа прусутни на петте последователни работилници е охрабрувачко, а воедно и потврда повеќе за тоа дека ваквите едукативни семинари се одлична можност за афирмација на споменатото уставно загарантирано право, оценија претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пеце Ташевски и офицерот за добро владеење при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Пјотр Ума. Според нив, може само да радува и фактот дека расте бројот на граѓаните кои поднеле барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Споменатиот циклус работилници го реализираа стручните лица од Секретаријатот на КомИсијата Цветан Станоески и Макфирете Морина.
За потемелно запознавање со наведеното човеково право, на присутните им беа поделени примероци од брошурите „До информација“, која е резултат на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и „Ти имаш право да знаеш“, продукт на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.