Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во  соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци, денеска во просториите на Академијата се одржа тркалезна маса на тема „Заштита на лични податоци и слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Во присуство на 24 претседатели на судови, на тркалезната маса свое излагање имаа Добринка Борисовска-Господинова и Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на личните податоци, како и  Цвета Трајковска и Јорданка Стојкова од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Стручните лица од Секретаријатот на Комисијата, говореа за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,  работата и надлежностите  на Комисијата.

Низ презентација и анализа на одделни примери, судиите беа запознати и со практичната примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.