Најмногу ова право го користат невладините организации, кои од година во година до  Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднесуваат се поголем број на жалби.
Заменик претседателот на Комисијата, Блерим Исени вели: „интенција на Комисијата беше, е и ќе биде да овозможиме ова право најмногу да го користат обичните граѓани“. „За жал,  фактичката состојба говори дека досега само мал број на медиуми и новинари го користеле законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а според моето мислење 30 дневниот рок за добивање одговор е главната причина за тоа“, истакнува Исени.