На 30 мај 2007 година (среда), во 9.30 часот, во хотелот „Holiday Inn“ (сала „Милениум 2) во Скопје, ќе се одржи работна средба на тема: подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на класифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци.
Покрај претставници од државните институции свои излагања ќе имаат Јанко Николовски, претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Маријана Марушиќ, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Лидија Костовска, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и универзитетските професори д-р Владо Камбовски, Борче Давитковски и д-р Ана Павловска-Данева.