Во организација на Европската Комисија преку инструментот TAIEX во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 16 и 17 април 2013 година, со почеток во 9:30 часот, во просториите на Комисијата, ќе се одржи „Експертска мисија за спроведување на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Работната средба  ќе ја отвори претседателот на Комисијата Пеце Ташевски, а  експертите од Република Словенија Наташа Пирц и Полона Тепина, ќе се осврнат на компаративните искуства на Словенија и ЕУ по однос на начинот на доставување на бараните информации и формата во која истите се доставуваат до јавноста.
За второт ден предвидена е средба на членовите на Комисијата и на нејзиниот Секретаријат со експерти од Правниот факултет во Скопје и со претставници од невладините организации.