Обуката ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата Јорданка Стојкова и Цветан Станоески. Целта на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Освен со историјатот , развојот на правото на слободен пристап до информации и законската легислатива, присутните службени лица подетално се запознаа и со постапката по барање информација од јавен карактер, со постапката со текот на жалбената и прекршочна постапка, како и со подготовката на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите. За време на обуката беа анализирани и примери од праксата, при што службените лица изнесуваа свои гледишта и ставови за тоа како би постапиле во дадените ситуации.