Почнувајќи од денеска па во наредните неколку дена во регионалните општински центри Битола, Штип и Скопје ќе се одржат три едукативни средби со новинари од електронските и печатените медиуми на тема: “Слободниот пристап до информациите од јавен карактер и заштитата на личните податоци“. Обуката ќе ја реализаираат претставници на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Покрај личното информирање и запознавање на новинарите со можностите и начините за побрзо, поедноставно и поефикасно добивање на информациите од јавен карактер, а се очекува да стане збор и за досегашните искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во однос на медиумите и новинарите во Македонија.
Една од главните цели на овие едукативни средби е и обезбедување на медиумска помош во кампањата за издигнување на свеста и поконкретно запознавање и едукација на граѓаните за нивното законско право за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Планираните едукативни средби со новинарите на некој начин претставуваат надополнување на педесетте обуки за службените лица кај имателите на информации од јавен карактер што во рамките на проектот: “Техничка поддршка и подигнување на свеста за примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“ беа реализирани во изминатите две години со финансиска поддршка од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија. Носители и имплементатори на овој проект беа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗПСПИЈК) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).