На 1 септември 2006 година, започна примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како фундамент за остварување на уставно гарантираното право на слободен пристап до информации од јавен карактер, кое подеднакво го уживаат сите граѓани на Република Македонија.
Во пресрет на првата годишнина од имплементацијата на Законот, на 30–ти август 2007 година (четврток), од 10.00 до 12.00 часот, во Клубот на пратениците, Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информаците од јавен карактер, организира работна средба со службените лица од државните институции, задолжени за посредување со информации од јавен карактер.
Истиот ден на истатата локација, во периодот од 12.30 до 14.30 часот, предвидена пак е работна средба на членовите на Комисијата со службените лица од локалната самоуправа и јавните претпријатија во градот Скопје, задолжени за посредување со информации од јавен карактер.