Во 2007 година со секојдневно надополнување и ажурирање, листата на иматели на информации од јавен карактер достигна вкупно 1393 институции и други субјекти кои вршат дејност од јавен интерес. Од нив 186 се државни институции, 90 институции се од сферата на судската власт, 86 општини, (вклучително Град Скопје и Заедницата на единиците на локалната самоуправа), 93 здравствени установи и организации, 324 јавни претпријатија и установи, 110 правни и физички лица кои вршат јавни овластувања, 485 се образовни институции, а 19 се политички партии.
Најголем пораст на ново евидентирани иматели на информации од јавен интерес е присутен кај образовните институции, каде од само три евидентирани во 2006 година, нивниот број на  крајот од 2007 година достигна 485 иматели.
Бројните испратени ургенции, укажувања и барања за почитување на Законот од страна на Стручната служба на Комисијата, исто така, резултираа и со значително проширување на листата на иматели со нови 109 правни и физички лица кои вршат дејност од јавен интерес.