Врз основа на член 1 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија” бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на седницата одржана на 12 април 2012 година, донесе УПАТСТВО за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Наведеното Упатство е наменето за барателите и имателите на информации од јавен карактер. Неговата цел е на барателите да им овозможи побрзо и поефикасно да поднесат барање до имателот на информации и на поедноставен начин да ја добијат бараната информација, со што ќе го остварат нивното право на слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова право е гарантирано со Уставот на Република Македонија, а операционализирано со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Овој подзаконски акт истовремено има за цел на имателите на информации да им овозможи на брз и ефикасен начин да ја спроведат постапката по барањата за пристап до информации од јавен карактер.
Сo донесувањето на наведеното Упатство, престанува да важи Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер донесено од Комисијата во 2006 година.