Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, годинава ќе ја продолжат и прошират меѓусебната соработка на планот на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, започната во 2012-та година. Ова е резултат на Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа претседателот на Комисијата Пеце Ташевски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот, Ралф Брет.
Двете страни се обврзаа во периодот од потпишувањето на документот до 30 јуни годинава да реализираат шест дводневни обуки за по 25 учесници. Со проектот е предвидено да бидат опфатени 41 општина и тоа: Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Ранковце, Старо Нагоричане, Липково, Штип, Кочани, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Пробиштип, Зрновци, Пехчево, Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Росоман, Градско, Лозово, Демир Капија, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод, Кичево, Кривогаштани, Радовиш, Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци, Чаир, Карпош, Кисела Вода, Центар и Аеродром. Секоја единица на локалната самоуправа, на обуките ќе биде претставена со по 5 учесници (службени и одговорни лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер), како и раководителите на подрачните единици на Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно-правни работи.
Почнувајќи од септември, па до крајот на оваа година, Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје согласно потпишаниот Меморандум за соработка планираат и одржување на три еднодневни тркалезни маси.