Лицата задолжени за посредување со информациите од јавен карактер од 81 единица на локалната самоуправа, вклучително и градот Скопје, поделени во две групи ќе имаат можност да ја проследат обуката на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Обуката ќе ја реализираат стручни лица од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а истата има за цел подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите кои произлегуваат од него.
ДОГОВОРЕНИ ОБУКИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА ОД ОПШТИНИТЕ
Ова беше договорено на денешната средба на членовите на Комисијата со претставник на ЗЕЛС, на која беше оценето дека единиците на локалната самоуправа поради природата на информациите со кои располагаат, но и од аспект на бројот на примените барања, се особено значајни иматели на информации од јавен карактер, како за граѓаните, така и за претставниците на невладините здруженија и организации.
На средбата стана збор и за други форми на соработка, при што беше изразена обострана подготвеност за реализација на натамошни заеднички активности и настани.
На средбата стана збор и за други форми на соработка, при што беше изразена обострана подготвеност за реализација на натамошни заеднички активности и настани.