“ Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со финансиска поддршка од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во периодот мај-јуни 2011 година, ќе одржи десет регионални обуки на тема: “Право на слободен пристап до информации од јавен карактер“, за граѓаните и здруженијата на граѓани, како и за службените лица кај имателите на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на Законот. Обуките ќе се одржат во градовите: Велес, Штип, Кичево, Дебар, Ресен, Струга, Струмица, Гевгелија, Делчево и Кратово
Целта на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните и здруженијата со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и измените на истиот од 2010 година, за можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Обуките ќе ги спроведат сертифицирани обучувачи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.