Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, составена од претседателот Пеце Ташевски, заменик претседателот Блерим Исени, и раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска, учествуваше во работата на семинарот во органзиација на Комората на извршители на Република Македонија, што се одржа од 07 до 10 мај во Сандански, Република Бугарија.
Пред голем број присутни извршители и други претставници од повеќе инстанци на судската власт во Република Македонија, стручното лице Цвета Трајковска, одржа предавање за „Практичната примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од аспект на извршувањето„.
По презентацијата беше договорено да продолжи комуникацијата меѓу Комората, извршителите и Комисијата во насока на подобра имплементација на Законот, утврдена и во неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете институции.