На 9 септември 2008 година (вторник), во 19.00 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ (сала Милениум), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Македонски институт за медиуми, на пригоден начин ќе ја одбележи двегодишнината од примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
 На средбата ќе бидат промовирани досегашните активности на Комисијата реализирани со финансиска поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.
 Покрај истакнати личности од политичкиот и општествениот живот во Република Македонија, на свеченоста ќе присуствува и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Andrew Key.