Службените лица за посредување со информации од јавен карактер при постапувањето по барањето да го спроведуваат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. При одлучувањето по барањата да ДОНЕСУВААТ ОДЛУКИ ВО ФОРМА И РОКОВИ РЕГУЛИРАНИ ВО ЗАКОНОТ, А НЕ КАКО ШТО ИМАМЕ ПРИМЕРИ ОД ДОСЕГАШНАТА ПРАКСА НА БАРАЊЕТО ДА СЕ ОДГОВАРА СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ИЛИ ВООПШТО ДА НЕ СЕ ОДГОВОРИ (МОЛЧЕЊЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА). Во тој случај и странките ќе можат да си го остварат своето право на правна заштита.
Согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ако барањето е непотполно и поради тоа имателот на информацијата не може да постапува, тој ќе побара од барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи. Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена од денот на известувањето за потребата од дополнување на барањето, односно во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за потреба од дополнување на барањето.
Службеното лице определено за посредување со информации е должно на барателот да му даде соодветна помош при дополнување на барањето.
Ако барателот не постапи согласно погоренаведеното, имателот на информацијата со ЗАКЛУЧОК ќе констатира дека барањето е повлечено.
Ако барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од член 16 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа имателот на информации не може да го разгледува барањето, имателот на информации ќе донесе РЕШЕНИЕ со кое ќе го отфрли барањето.
Ако имателот на информации позитивно одговори на барањето, за тоа ќе изготви ЗАПИСНИК.
Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе РЕШЕНИЕ. Решението треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Ако имателот на информацијата во рокот утврден во член 21 од Законот не му овозможи на барателот пристап до информација и ако не донесе и не му достави на барателот решение со кое делумно или целосно го одбива барањето, се смета дека барањето е одбиено.