Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, утре 7 март 2014 година со почеток во 12.00 часот, ќе го одржи вториот консултативен состанок со претставниците на Здруженијата на граѓани и фондации. На истиот, ќе се разгледуваат предлозите и забелешките по мерките од Акцискиот план за отворено владино партнерство 2014-2016 година, се со цел нивно вградување во мерките три и шест: Слободен пристап до информации и Отвореност на локално ниво. Преку овие консултативни состаноци, Комисијата како носител на наведените мерки, сака да придонесе за што подобро и поуспешно имплементирање на мерките предвидени со Акцискиот план.