Во текот на извештајната 2009 година, од вкупно поднесените жалби до Комисијата, најголем број се против државните институции на централно и локално ниво.
168 жалби против државни институции,
16 жалби против судската власт,
8 жалби против здравствени организации,
47 жалби против општините,
75 жалби против образовни институции,
13 жалби против правни и физички лица кои вршат јавни
овластувања, и
13 жалби против јавни претпријатија и установи.
Наведениот податок не оди во прилог на спроведувањето на Законот како и на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на државната администрација, принципи кои се од суштинско значење за едно демократско општество, кон кое се стреми Република Македонија.