m-informacijaВо големата сала на општина Штип, денеска обучувачи од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, одржаа регионална обука на тема „Правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер“. Целта на обуката беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, можностите кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. На обуката што ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска, присуствуваа граѓани, но  и службени лица кај имателите на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на Законот.
За потемелно запознавање со наведеното човеково право, на присутните им беа поделени примероци од брошурите „До информација“, која е плод на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и мисијата на ОБСЕ во Скопје и „Ти имаш право да знаеш“, продукт на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат   од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Настанот доби соодветен публицитет во електронски, интернет и други медиуми.