Во рамките на програмата на Комисијата за заштита правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за што поблиско запознавање со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и негова доследна примена, претседателот на Комисијата, Јанко Николовски, оствари работни посети на општините Берово и Пехчево. Претседателот Николовски со градоначалниците на општините, размени мислења и сугестии за Законот за СПИЈК. На овие средби констатиран е висок степен на разбирање и примена на основните одредби од Законот, како и зголемениот интерес на граѓаните за информациите од јавен карактер кои се во посед на двете општини.
Општините своите веб-страници ги ажурираат со основните податоци, а службените лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер навреме одговараат на барањата на граѓаните. На овие состаноци беа присутни и членови на Советите на општините, како и директори на јавните претпријатија кои исто така укажаа на добрите практики во нивните средини.
Градоначалниците на општините Берово, г-дин Венко Пашалиски и на Пехчево, г-дин Јованчо Станоевски, со интерес и готовност за соработка ги прифатија сугестиите на претседателот Николовски во врска со некои детаљи од Законот, како што се: тест за јавен интерес (тестот во три дела), делумниот пристап и запазувањето на роковите за да се избегне молкот на администрацијата.