СТУДЕНТИ НА ФИНКИ ЗАПОЗНАЕНИ СО СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и стручното лице од Секретаријатот на Комисијата, Цветан Станоески, согласно претходно потпишаниот Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, денеска во просториите на оваа високообразовна институција го презентираа уставно загарантираното право, нормирано во Законот за [...]