This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

Новости

/Новости

УСВОЕН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА 2014 ГОДИНА

14.05.2015|

Собранието на Република Македонија на денешното трето продолжение на 47-та седница, со 61 глас „за“ и ниту еден „против“, го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2014 година.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА НА СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ ОДРЖАН ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

10.05.2015|

Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, составена од претседателот Пеце Ташевски, заменик претседателот Блерим Исени, и раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска, учествуваше во работата на семинарот во органзиација на Комората на извршители на Република Македонија, што се одржа од 07 до 10 мај во Сандански, Република Бугарија. […]

УЧЕСТВО НА ШЕСТИОТ СОСТАНОК НА СПЕЦИЈАЛНАТА ГРУПА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

07.05.2015|

Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот на Комисијата Катерина Димовска-Трајковска, денеска во Секретаријатот за Европски прашања учествуваа на 6-от состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација.Претседавач на Специјалната група е министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, [...]

СТУДЕНТИ НА ФИНКИ ЗАПОЗНАЕНИ СО СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

07.05.2015|

Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и стручното лице од Секретаријатот на Комисијата, Цветан Станоески, согласно претходно потпишаниот Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, денеска во просториите на оваа високообразовна институција го презентираа уставно загарантираното право, нормирано во Законот за [...]

МЕМОРАНДУМ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ КОМИСИЈАТА И КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ

24.04.2015|

Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, составена од претседателот Пеце Ташевски, заменик претседателот Блерим Исени, членот Валентина Фидановска и раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата, Жорж Поповски, денеска оствари посета на Комората на извршители на Република Македонија. […]

НОВ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ КОМИСИЈАТА И МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

22.04.2015|

Денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2015 година. Меморандумот беше потпишан од страна на Заменикот амбасадор на ОБСЕ, Маријане Береч и Заменик претседателот на Комисијата, Блерим Исени. Потпишувањето на овој документ значи континуитет на воспоставената плодна соработка меѓу двете институции. […]

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ КОМИСИЈАТА И ФИНКИ

21.04.2015|

Делегација од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер денеска оствари посета на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. На средбата со домаќините, претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Пеце Ташевски и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, д-р Димитар Трајанов, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции. […]

КОМИСИЈАТА И ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ ЌЕ СОРАБОТУВААТ НА ПРОЕКТОТ „ФАБРИКА НА ЗНАЕЊЕ“

14.04.2015|

Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Пеце Ташевски и деканот на Економскиот факултет при Првиот приватен универзитет–ФОН Мирко Трипуноски, денеска во просториите на Комисијата, потпишаа Договор за соработка во проектот „Фабрика на знаење“. Времето предвидено за реализација на проектот е три месеци и тоа од април до јуни 2015 година. […]

СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА „ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР“

06.04.2015|

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, денеска во просториите на Академијата се одржа советување на тема „Заштита на лични податоци и слободен пристап до информации од јавен карактер“. […]

ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

27.03.2015|

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во согласност со Kаталогот за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, денеска во просториите на Академијата се одржа тркалезна маса на тема: „Заштита на личните податоци / Слободен пристап до информации од јавен карактер“. […]