ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 108-та седница одржана на 29 април 2015 година, донесе 8 решенија и 4 заклучока.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје, против ЈП Градски паркинг-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје, против ЈП Градски паркинг-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ -согласност/и од Советот за јавни набавки доколку е побарана
-извештајот од спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
-одлука за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
-извештај од спроведената е-аукција“
СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Градски паркинг-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација наведена во алинеја 2 од Барањето: “Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка“, најдоцна до 18.05.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-357 од 07.04.2011 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје, против ЈП Градски паркинг-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈП Градски паркинг-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 18.05.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации на 11.03.2015 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0302-437/1 до ЈП Градски паркинг-Скопје, со кое ја побарал во фотокопија по пошта или е-маил следната информација:
“ -согласност/и од Советот за јавни набавки доколку е побарана
-извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
-одлука за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
-извештај од спроведената е-аукција“
ЈП Градски паркинг-Скопје како што се наведува во Жалбата, до Центарот за граѓански комуникации доставило Одговор на барање за пристап на информации од јавен карактер заведен под број 03-132/2 од 02.04.2015 година со кој им овозможил делумен пристап до бараните информации.
Во прилог на Одговорот ги доставил информациите:
“Согласност/и од Советот за јавни набавки, со арх.бр. 09-509/17 од 13.12.2014, 10-20/6 од 22.01.2015 и 10-20/14 од 30.01.2015.
-Одлука за избор на најповолен понудувач за доделување на договор за јавна набавка на станици за полнење на електромобили, арх.бр. 10-20/28 од 05.03.2015 година и
-Извештај од поднесување на конечна цена Набавка на станици за полнење на електромобили“ .
Во Одговорот е наведено и: “Согласно член 6 од ЗСПИЈК и член 142 точка 8 од ЗЈН “Право на увид на Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка имаат само Економските оператори кои учествуваат во постапката“ и ЈП Градски паркинг-Скопје не е во можност да Ви овозможи пристап до бараната информација.“
Незадоволен од содржината на добиениот одговор, Центарот за граѓански комуникации поднесе Жалба до Комисијата, во која наведува дека имателот на информации „одбива да ја достави побараната информација под реден број 2 од предметното барање-Извештај за спроведената постапка“.
Комисијата, со допис бр.08-357 од 08.04.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈП Градски паркинг-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП Градски паркинг-Скопје на 22.04.2015 година достави Одговор на жалба заведен под бр.03-132/4 од 16.04.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-357.
Во Одговорот е наведено:“….на 02.04.2015 година на барателот на информации му доставил одговор со архивски бр.03-132, со доставениот одговор на барателот на информации му биле доставени фотокопии од….. А во врска со барањето за доставување на Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка, јасно му било посочено дека истиот не може да му биде доставен од причина што истиот не е информација од јавен карактер што е утврдено во Законот за јавни набавки (“Сл.весник на РМ бр.27/2015 година) член 142 став 8: “Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка“.
Во прилог на Одговорот на жалба се доставени фотокопии од 3 информации од Барањето, но не и од Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка.
Во врска со погоренаведеното, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 10 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка“ во целост претставува информација од јавен карактер. Истата не спаѓа во редот на исклучоците наведени во член 6 став 1 од истиот Закон, ниту пак во исклучоците наведени во член 6 од Законот за јавни набавки (“Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2015) .
Во член 142 од Законот за јавни набавки е регулирано дека “Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка“ но никаде не е наведено дека на останатите лица кои не учествувале во постапката увидот им е забранет, дотолку повеќе што во Извештајот што се подготвува согласно 142 од Законот за јавни набави се содржани следните податоци:
“Во зависност од спроведената постапка извештајот од ставот (1) на овој член особено содржи:
– име и адреса на договорниот орган, предмет и проценета вредност на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба,
– име на избраните кандидати или понудувачи и образложение за нивниот избор,
– име на кандидатите или понудувачите чии што пријави за учество или понуди се отфрлени и причините што довеле до нивно отфрлање,
– причини за одбивање на понудите со невообичаено ниска цена и
– име на понудувачот или понудувачите чија понуда е избрана за најповолна и начинот и причините за извршениот избор“, не се содржани податоци кои би претставувале исклучок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Исто така, согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како барател на информации од јавен карактер може да се појави „… секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа…“. Во конкретниов случај, како барател на информација која се однесува на јавна набавка, може да се појави секое правно и физичко лице (меѓу кои и Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации), а не само економските оператори што учествувале во постапката.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како еден од антикоруптивните закони во Република Македонија, е да обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и да им овозможи на физичките и правните лица да го остварат уставно загарантираното право на слободен пристап до информации од јавен карактер. Во случајов, да дознаат за која намена, во каков обем, на каков начин и според кои критериуми се трошат нивните пари.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈП Градски паркинг-Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставило до барателот целосната информација наведена во Барањето, туку само дел од неа, иако располагало со истата.
Комисијата му укажува на имателот дека, во иднина, доколку се повикува на исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно член 20 став 2 од наведениот Закон, односно да донесе Решение за одбивање на пристапот, со образложение за одбивање на пристапот и да го спроведе тестот на штетност. Тестот на штетност согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. Весник на РМ“ нр.6/2010) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со членот 6 од овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Т.А., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Т.А., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам да ми се дозволи увид во документацијата за изработен препис на Одобрение за адаптација (пренамена) на гаража во деловен простор на инвеститорот Б.А.. Изработениот препис е под УЗП број 9898/02 од 11.12.2002 година заведен од С.А. Нотар од Велес, како и да ми се издаде фотокопија на изработениот препис и оригиналот, назначен како извонредна исправа – Одобрение за адаптација (пренамена) на Гаража во деловен простор на инвеститорот Б.А. и други списи во врска со Одобрението за адаптација по извршениот увид “ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-348 на 26.03.2015 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Т.А., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес на 26.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Т.А., нотар од Велес, со кое побарал:
„Барам да ми се дозволи увид во документацијата за изработен препис на Одобрение за адаптација (пренамена) на гаража во деловен простор на инвеститорот Б.А.. Изработениот препис е под УЗП број 9898/02 од 11.12.2002 година заведен од С.А. Нотар од Велес, како и да ми се издаде фотокопија на изработениот препис и оригиналот, назначен како извонредна исправа – Одобрение за адаптација (пренамена) на Гаража во деловен простор на инвеститорот Б.А. и други списи во врска со Одобрението за адаптација по извршениот увид.“
Т.А., нотар од Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање до барателот одговорила со допис бр.46-1/15 од 04.03.2015 година. Во дописот е наведено дека „…нотарот е должен да го чува како тајна се она што е од личен карактер, односно согласно член 30 од Законот за нотаријатот, а во врска со член 6 став 1, точка 1 и 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација е информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност, како и информација која содржи личен податок, а чие откривање би значело повреда на заштита на личните податоци…исто така не би можела ниту да Ви издадам фотокопија од изработениот препис на бараниот документ од причина што согласно Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија, а врз основа на Согласност заведена под број 09-85/2 од 25.01.2006 година, издадена од Државниот архив на РМ…ми се поништени“.
Незадоволен од наведениот допис, Б.П. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-348 од 14.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Т.А., нотар од Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Т.А., до Комисијата достави Одговор на жалба бр.58-1/15 од 17.04.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-348 на 22.04.2015 година, во кој целосно останува на наводите во дописот бр.46-1/15 од 04.03.2015 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Т.А., нотар од Велес не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувањето по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Т.А., нотар од Велес дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци должна е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должна е да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010)“е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Т.А., нотар од Велес, утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Што се однесува до наводите во дописот бр.46-1/15 од 04.03.2015 година, насловен до барателот, дека „…не би можела ниту да Ви издадам фотокопија од изработениот препис на бараниот документ од причина што согласно Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија, а врз основа на Согласност заведена под број 09-85/2 од 25.01.2006 година, издадена од Државниот архив на РМ…ми се поништени“, Комисијата и укажува на Т.А., нотар од Велес дека согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Ако Барањето се однесува на информацијата со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
При повторното постапување по предметот, Т.А., нотар од Велес, треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Друштвото за производство, трговија и услуги БРАЈАНТ ДООЕЛ Берово, поднесена преку овластеното лице Б.Ј., адвокат од Скопје, против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Друштвото за производство, трговија и услуги БРАЈАНТ ДООЕЛ Берово, поднесена преку овластеното лице Б.Ј., адвокат од Скопје, против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид и копија од списитена предметот поточно во договорот склучен помеѓу РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Скопје во врска со доставената понуда од страна на БРАЈАНТ ДООЕЛ Берово до РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, заклучен некаде 21.08.2014 година, (за копачење на сливи, јаболки и други припреми) на територијата на Општина Берово, во атарот на село Владимирово, месност Вралишта, како и на територијата на Општина Делчево “ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-337 на 16.03.2015 година, изјавена од Друштвото за производство, трговија и услуги БРАЈАНТ ДООЕЛ Берово, поднесена преку овластеното лице Б.Ј., адвокат од Скопје, против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Друштвото за производство, трговија и услуги БРАЈАНТ ДООЕЛ Берово, преку овластеното лице Б.Ј., адвокат од Скопје, на 04.02.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, заведено под број 16-990/1 на 06.02.2015 година, со кое побарало увид и копија на списите од следната информација:
„ Увид и копија од списите на предметот поточно во договорот склучен помеѓу РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Скопје во врска со доставената понуда од страна на БРАЈАНТ ДООЕЛ Берово до РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, заклучен некаде 21.08.2014 година, (за копачење на сливи, јаболки и други припреми) на територијата на Општина Берово, во атарот на село Владимирово, месност Вралишта, како и на територијата на Општина Делчево. “
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање до барателот доставила Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.16-990/2 од 23.02.2015 година, примено од страна на барателот на 03.03.20015 година.
Незадоволно од наведениот Одговор, Друштвото за производство, трговија и услуги БРАЈАНТ ДООЕЛ Берово, преку овластеното лице Б.Ј., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-337 од 19.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во врска со ова Барање на 24.04.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.04-990/4 од 30.03.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-337.
Во Одговорот на жалбата Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој наведува дека “…Барањето за увид во списите и копија од истите се одбива од причина што согласно Законот за основање на Агенција увид во списите на конкретен предмет може да има странка или лице овластено од неа. Исто така согласно член 6 од Законот за слободен пристап за информации од јавен карактер, органот кој поседува информации може истите да одбие да ги даде доколку тоа значи откривање на некој личен податок…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувањето по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци, должна е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должна е да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010)“ е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…увид во предметот У.бр.26-1868/1 од 25.01.2011 година, кој се однесува на приватизација на градежно земјиште и воедно да добијам фотокопии од одредени списи во истиот.“ СЕ УВАЖУВА.
Решението на Министерството за финасии бр.03-1514/2 од 18.02.2015 година се поништува, и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-324 на 02.03.2015 година, изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ, Решението на Министерството за финансии бр.03-1514/2 од 18.02.2015 година го поништи, и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.Ј. од Скопје на 26.01.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, заведено под бр.26-1868/11 со кое побарал увид во следната информација:
„…предметот У.бр.26-1868/1 од 25.01.2011 година, кој се однесува на приватизација на градежно земјиште и воедно да добијам фотокопии од одредени списи во истиот.“
Министерството за финансии, постапувајќи по Барањето донело Решение бр.03-1514/2 од 18.02.2015 година со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер се одбива. Во образложението на Решението, Министерството за финансии наведува дека барањето е поднесено од лице кое не е барател во постапката за приватизација на градежно земјиште и се однесува на увид во предметот У.бр.26-1868/1 од 25.01.2011 година и “Доколку на барателот му се овозможи увид во документацијата по наведениот предмет ќе се повредат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, бидејќи во предметот се содржат лични податоци за барателите кои го имаат поднесено барањето за приватизација на градежното земјиште.” Министерството за финансии го спровело тестот на штетност и оценило дека “…доколку би дошло до давање на информација тоа би подразбирало повреда на заштитата на личните податоци… што само по себе доведува до појава на правни последици по однос на интересот кој се заштитува.” Поради наведеното, Министерството за финансии постапило согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и со Решение го одбило Барањето.
Незадоволен од наведеното Решение, Ј.Ј. од Скопје на 02.03.2015 година, достави Жалба до Комисијата. Во жалбените наводи Ј.Ј. наведува дека иако барањето е поднесено од лице кое не е барател во постапка за приватизација на градежно земјиште укажува дека согласно член 4 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица. Исто така наведува дека во предметот во кој бара увид има и документи кои не содржат личен податок заштитен со Законот за заштита на личните податоци.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-324 од 04.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии во врска со ова Барање на 23.03.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2693/2 од 16.03.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-324.
Во Одговорот на жалбата, Министерството за финансии констатира дека Жалбата е навремена, но неоснована поради што предлага истата да биде одбиена. Министерството наведува дека: ”…намерата на сега жалителот со искористување односно злоупотреба на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да се обиде да добие увид во списи на предмет во кој не е ниту странка ниту пак го докажува својот интерес како би можел согласно со членот 77 од Законот за општата управна постапка да добие пристап до определени списи.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за финансии не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувањето по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер. Согласно член 4 став 1, а во врска со член 16 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на слободен пристап до информации имаат сите физички и правни лица и барателот не е должен да го образложи барањето, но потребно е да наведе дека се работи за барање за пристап до информации. Комисијата утврди дека Барањето за увид во предметот, поднесено од Ј.Ј. е согласно цитираните одредби од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Министерството за финансии е должно да постапи по Барањето согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.
Од списите во предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии не постапило во целост согласно членот 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, пред да го донесе Решението за одбивање на Барањето, Министерството за фианансии спровело тест на штетност но не образложил доволно и не навел кои штетни последици би настанале со овозможување увид во бараните информации. Комисијата му укажува на Министерството за финансии дека треба да го спроведе тестот на штетност согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и да наведе прецизно кои, какви и за кого би настанале штетни последици со овозможување увид во бараните информации. Дури потоа, откако ќе наведе точно и прецизно кои штетни последици би настанале со овозможување увид во бараните информации, и кога ќе утврди дека последиците кои би настанале со овозможување на увид во бараните информации се поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се поситигнал со овозможување на пристап до информациите, Министерството е должно да донесе Решение за одбивање на Барањето.
При повторното постапување по предметот, Министерството за финансии треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии бр.03-487/2 од 23.01.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, се ОДБИВА.
Решението на Министерството за финансии бр.03-487/2 од 23.01.2015 година се ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-797 од 09.02.2015 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии бр.03-487/2 од 23.01.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на Министерството за финансии бр.03-487/2 од 23.01.2015 година е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје, на 30.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, со кое побарал по пошта или по е-маил да му достават фотокопија или електронски запис од следната информација:
“Која од општините во РМ моментално функционира со блокирана сметка, од кога е блокирана нивната сметка, како и колку општини имале блокирана сметка во изминатава 2013 година?“.
Министерството за финансии, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање, доставило Одговор по барање бр.03-37179/4 од 18.11.2014 година.
Незадоволен од наведниот Одговор, В.С. од Скопје на 25.11.2014 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-797 од 27.11.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на 19.12.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-37179/6 од 13.12.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-797. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
Во Одговор на жалбата се наведува дека: „…Министерството за финансии не смее да дава податоци од причина што истото е обврзано врз основа на закон и подзаконски акти да ја чува тајноста на состојбата на трансакционите сметки, како и тајноста на податоците за сметките отворени во рамки на Трезорската сметка.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 30.12.2014 година донесе Решение бр.07-797 со кое жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, со укажување да постапи согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Министерството за финансии до В.С. доставило Решение за одбивање на пристапот бр. 03-487/2 од 23.01.2015 година.
В.С. од Скопје на 09.02.2015 година поднесе Жалба бр.07-797 до Комисијата против Решението на Министерството за финансии бр.03-487/2 од 23.01.2015 година.
Комисијата, со допис бр.07-797 од 12.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на 20.02.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-487/4 од 17.02.2015 година.
Во Одговорот наведува дека: “Постапувајќи по насоките на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Министерството за финансии на ден 23.01.2015 година донесе Решение со кое се одбива барањето претставува информација која е исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, бидејќи Секторот за трезор при Министерството за финансии е посебен носител на платен промет („Службен весник на РМ“ бр.113/07, 22/08, 159/08, 133/09, 145/10, 35/11, 11/12,59/12, 166/12 и 170/13) ја обезбедува тајноста на податоците за сметките отворени во рамки на Трезорската сметка. При донесување на Решението за одбивањето на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, Министерството за финансии спроведе тест на штетност при што утврди дека во конкретниот случај давањето на бараната информација ќе предизвика значителни последици врз интерест што се заштитува.
Во прилог на Одговорот, Министерството го достави и Решението за одбивање бр.03-487/2 од 23.01.2015 година.
Министерството за финансии во оспореното Решение се повикала на исклучокот наведен во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дека се работи за класифицирана информација со соодветен степен на тајност.
По разгледување на наводите на жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Печат и потпис на приложените копии од доставниците пр.бр.08-6862/2 и пр.бр.08-3289/4, за нивната валидност гарантирана од градоначалникот како најинформирана, најкомпетентна и најодговорна личност за состојбата во Општина Велес.“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-331 на 09.03.2015 година, изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ја одби како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.Ј. од Велес, на 30.01.2015 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес, заведена во Општината на 30.01.2015 година под број 25-735/1, со кое побарала лично да и ја достават следната информација:
„Печат и потпис на приложените копии од доставниците пр.бр.08-6862/2 и пр.бр.08-3289/4, за нивната валидност гарантирана од градоначалникот како најинформирана, најкомпетентна и најодговорна личност за состојбата во Општина Велес.“
Општина Велес, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање на 18.02.2015 година до В.Ј. од Велес доставила Одговор на Барање за пристап до информациите од јавен карактер бр.25-735/2, во кој се
В.Ј. од Велес на 25.02.2015 година до Општина Велес поднела Повторно Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер заведено под број 25-1486/1.
Незадоволна од Одговорот по првото Барање и недобивањето на Oдговор по Повторното барање, В.Ј. од Велес на 09.03.3015 година, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-331 од 12.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Велес не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Велес во однос на Барањето од 30.01.2015 година постапила и во законски предвидениот рок доставила одговор до барателот.
Општина Велес во одговорот на Барањето наведува дека“ …..Ве известуваме дека врз основа на Законот за општата управна постапка (Сл. Весник на Р.Македонија бр.38 од 26.05.2005 година), доставувањето извршено со предавање на писменото се потврдува со доставница која ја потпишува примачот. Доставницата се користи во административното работење како потврда дека примачот го добил предметот од доставувачот. Бидејќи не се работи за документ подготвен од доставувачот, истиот не подложи на процедура за печат од доставувачот. Доставницата ја потпишува примачот, кој со свој потпис потврдува дека го примил документот“.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од јавен карактер е „информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“.
Барањето за: “Печат и потпис на приложените копии од доставниците пр.бр.08-6862/2 и пр.бр.08-3289/4, за нивната валидност гарантирана од градоначалникот како најинформирана, најкомпетентна и најодговорна личност за состојбата во Општина Велес.“, не е барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата утврди дека имателот иако согласно Законот не бил должен да постапува по Барањето и можел веднаш да го отфрли затоа што истото не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, сепак постапил по истото и одговорил на кој начин се врши доставувањето на писменото и дека наведеното е регулирано во Законот за општата управна постапка од член 80 до член 85.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Х.Х.-Х. од Скопје, поднесена против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Х.Х.-Х. од Скопје, поднесена против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен каракте СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-368 на 16.04.2015 година, изјавена од Х.Х.-Х. од Скопје, поднесена против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Х.Х.-Х. од Скопје на 22.01.2015 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на Република Македонија, заведено под бр.03-133/1 со кое побарала во фотокопија по пошта да и ги достават информациите:
„1. Барам да ми се достави заверена фотокопија од Записникот од одржаната седница на Судскиот совет одржана на ден 12.12.2014 година во чие продолжение била разгледана мојата претставка заведена под Упп.бр.07-829/14 од 29.09.2014 година така што по расправата било констатирано изнесеното во известувањето бр.828 од 23.12.2014 година.
2. Фотокопија од писменото барање поднесено од Ваша страна до надлежниот Основен суд-Куманово за доставување на нивното писмено мислење во врска со причините врз основа на кои било донесено решението за отфрлање на тужбата.
3. Фотокопија од писменото барање за доставување на податок дека споменатото решение 10П1 бр.248/14 на ден 30.09.2014 година станало правосилно заради тоа што не била поднесена жалба.
4. Фотокопија од наведеното во извештајот Решение од 21.07.2014 година со кое тужителот бил задолжен да постапи, а судот оценил дека јас како тужител не сум постапила во целост согласно тоа решение и воопшто не сум ја надополнила или исправила тужбата, посебно петитумот на тужбата, со што и понатаму петитумот останувал неразбирлив и нејасен, па судот со решение од 05.09.2014 година ја отфрлил тужбата.“
Судскиот совет на Република Македонија, постапувајќи по Барањето донело Заклучок бр.03-133/3 од 24.03.2015 година за прекинување на постапката за делот од барањето во кој се бара фотокопија од Решението од 21.07.2014 година, и со Известување бр.03-133/4 од 24.03.2015 година до Х.Х.-Х. ги доставил останатите информации. Во Известувањето Судскиот совет наведува “По однос на барањето да Ви доставиме копија од решението од 21.07.2014 година, Ве известуваме дека Советот не располага со оваа информација, поради што со заклучок ја прекина постапката во овој дел. Меѓутоа можете да се обратите до Основниот суд Куманово и да побарате копија од наведеното решение.”
Незадоволна од Заклучокот за прекинување на постапката бр.03-133/3 од 24.03.2015 година, Х.Х.-Х. од Скопје на 01.04.2015 година поднела Жалба преку Судскиот совет на Република Македонија до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Во жалбените наводи Х.Х.-Х. наведува дека наместо фотокопија од наведеното во извештајот “Решение од 21.07.2014 година” треба да стои Писмено барање за доуредување-односно прецизирање на тужбата со кое тужителот бил задолжен да постапи.
Судскиот совет на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-133/5 од 06.04.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-368 на 16.04.2015 година, во прилог на кој ги достави жалбата и списите во врска со предметот. Во Одговорот на жалбата Судскиот совет на Република Македонија наведува: “Наводите изнесени во жалбата се неосновани…барателот во самата жалба наведува дека сосема иронично со ова барање меѓу другото побарал Судскиот совет на РМ да му достави фотокопија од решението и во самата жалба прецизира дека наместо решение од 21.07.2014 година треба да стои Писмено барање за доуредување-односно прецизирање на тужбата со кое тужителот бил задолжен да постапи.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Судскиот совет на Република Македонија не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот.
Комисијата утврди дека Судскиот совет на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и наместо да го препрати Барањето до имателот на информацијата, со Известување ја упатил барателката Х.Х.-Х. да се обрати до Основниот суд Куманово за бараната информација.
Имајќи го предвид цитираниот член, Судскиот совет на Република Македонија е должен да го препрати Барањето до Основниот суд Куманово веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена и за тоа да ја извести Х.Х.-Х..
При повторното постапување по предметот, Судскиот совет на Република Македонија треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК), преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, поднесена против Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија-Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК), преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, поднесена против Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија-Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на тековно одржување на трафостаници број 02-1442/2014 да ни ги доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
– Извештајот за спроведената постапка за доделување на Договор за јавна набавка,
– Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката,
-Извештај за спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-350 на 03.04.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК), преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, поднесена против Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија-Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) на 17.03.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-477/2 до Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија – Скопје“, со кое побарало фотокопија, по пошта или преку е-маил да му се достават следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на тековно одржување на трафостаници број 02-1442/2014 да ни ги доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
– Извештајот за спроведената постапка за доделување на Договор за јавна набавка,
– Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката,
– Извештај за спроведената е-аукција“.
Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија – Скопје“, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање доставило одговор бр. 05-372/2 од 23.03.2015 година.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК), преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, поднесе жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-350 од 08.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија – Скопје“ и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија – Скопје“ на 21.04.2015 година до Комисијата достави допис бр.15-504/2 од 21.04.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-350, во кој е наведено дека ги доставиле документите кои биле побарани од барателот.
На 24.04.2015 година, Центар за граѓански комуникации (ЦГК) преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Јавното претпријатие Македонска радиодифузија-Скопје“ од причини што во меѓувреме добил одговор од имателот на информации.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка, транспорт и монтажа на бетонски цевки број 20/2014 да не информирате колку економски оператори учествувале во постапката и да ни ги доставите:
-Согласност/и од Советот за јавни набавки доколку е побарана
– Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
-Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
-Извештајот од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-346 на 26.03.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 11.03.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-447/1 до Општина Вевчани, со кое побарало фотокопија, по пошта или преку е-маил да му се достават следните информации:
„ Ве молиме за постапката за јавна набавка, транспорт и монтажа на бетонски цевки број 20/2014 да не информирате колку економски оператори учествувале во постапката и да ни ги доставите:
-Согласност/и од Советот за јавни набавки доколку е побарана
– Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
-Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
-Извештајот од спроведената е-аукција“.
Општина Вевчани, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање до барателот доставила Одговор заведен под број 03-290/2 од 16.03.2015 година.
Незадоволен од добиениот Одговор, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-346 од 08.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Вевчани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Вевчани на 20.04.2015 година до Комисијата достави е-меил “Известување за постапување по жалба“ бр.03-290/5 од 20.04.2015 година, а во Комисијата заведен под број 08-346.
Во прилог на дописот Општината ги достави бараните информации.
На 20.04.2015 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Општина Вевчани од причини што во меѓувреме добило одговор од имателот на информации, но со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, застапувано од М.Ш. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, застапувано од М.Ш. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали согласно предвиденото во програмата за развој на институционалната поддршка на реформите е основана посебна единица во рамки на МТСП наменета за следење на состојбите во образованието и науката.“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-129 на 13.02.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, застапувано од М.Ш. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, застапувано од М.Ш. од Скопје, на 30.12.2014 година, со препорачена пратка, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, заведено под број.03-772/1 на 30.12.2014 година, со кое побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Дали согласно предвиденото во програмата за развој на институционалната поддршка на реформите е основана посебна единица во рамки на МТСП наменета за следење на состојбите во образованието и науката.“
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-129 од 27.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Службеното лице за посредување со информации од јавен карактер на Министерството за труд и социјална политика контактираше со службеното лице што постапува по предметот и го извести дека од страна на Министерството за образование и наука до Министерството за труд и социјална политика препратена е Жалбата број 08-129 која по грешка била испратена до Министерството за образование и наука.
Министерството за труд и социјална политика 22.04.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.14-3800/1 од 15.04.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-129, во кој е наведено дека „Од страна на Министерството за труд и социјална политика им е доставен одговор дека министерството нема основано посебна единица за следење на состојбите во образованието и науката бидејќи тоа е надлежност на Министерството за образование и наука“.
Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, на 21.04.2015 година, до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.08-129 во кој наведува дека се задоволни од одговорот.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на поранешни жители на село Лазарополе, претставувано од А.С., претседател на Здружението, против Општина Маврово и Ростуша, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на поранешни жители на село Лазарополе, претставувано од А.С., претседател на Здружението, против Општина Маврово и Ростуша, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Детална информација во врска со статусот на процесот на усвојување на урбанистички план вон населено место за проект викенд населба „Лазарополе“, поради тоа што барателот ја повлекува жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-352 на 03.04.2015 година, изјавена од Здружението на поранешни жители на село Лазарополе, претставувано од А.С., претседател на Здружението, против Општина Маврово и Ростуша, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на поранешни жители на село Лазарополе, претставувано од А.С., претседател на Здружението, на 13.02.2015 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.5-2 до Општина Маврово и Ростуша, заведено во Општината на 20.02.2015 година, со кое ја побарало следната информација:
“Детална информација во врска со статусот на процесот на усвојување на урбанистички план вон населено место за проект викенд населба „Лазарополе“.
Општина Маврово и Ростуше, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-352 од 08.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Маврово и Ростуша и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението на поранешни жители на село Лазарополе, на 20.04.2015 година до Комисијата достави Поднесок, заведен во Комисијата под број 08-352, во кое се наведува “…ве известувам дека имателот на информации-Општина Ростуше и Маврово по истекот на рокот од 30 дена, ни достави дел од бараните информации од јавен карактер, и затоа ја повлекуваме вложената Жалба“.
Општина Маврово и Ростуша на 22.04.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.09-81/4 од 17.04.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-352, во кој е наведено дека „… ве известуваме дека на барателот на информации му е одговорено на неговото барање на ден 07.04.2015 година, а во прилог на одговорот ви го доставуваме и на вас“.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.