ДОНЕСЕНИ 1 РЕШЕНИЕ И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 107-та седница одржана на 16 април 2015 година донесе 1 решение и 8 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Е.М., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Е.М., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…Документацијата за согласност за изградба на поткровен стан на станбена зграда со адреса на Ул. „11 Октомври“ бр. 9 влез 3 во Велес, што станарите од станбената зграда на назначената адреса доставија изјави за изградба, реконструкција, надградба и друго на поткровниот простор на станбената зграда на назначената адреса на станарот Г.А., станар од назначената станбена зграда и да ми се достават фотокопии на согласности, изјави и друго по извршен увид“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган. Решението на Е.М., нотар од Велес бр.0302-2/1 од 12.03.2015 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-338 на 19.03.2015 година, изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Е.М., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган. Решението на Е.М., нотар од Велес бр.0302-2/1 од 12.03.2015 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Љ.Р. од Велес на 10.12.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Е.М., нотар од Велес, со кое побарал увид во следната информација:
„…Документацијата за согласност за изградба на поткровен стан на станбена зграда со адреса на Ул. „11 Октомври“ бр. 9 влез 3 во Велес, што станарите од станбената зграда на назначената адреса доставија изјави за изградба, реконструкција, надградба и друго на поткровниот простор на станбената зграда на назначената адреса на станарот Г.А., станар од назначената станбена зграда и да ми се достават фотокопии на согласности, изјави и друго по извршен увид“.
Е.М., нотар од Велес, до барателот на информациите доставила Известување бр.0302-1 од 13.02.2015 година, во кое од барателот побарала да наведе „…за кои лица се однесува Барањето, како и за која деловна година“.
Барателот, незадоволен од добиеното Известување, ценејќи дека неговото Барање било прецизно, до Е.М., нотар од Велес доставил ново барање, повикувајќи се на член 24 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Е.М., нотар од Велес, како што е наведено во Жалбата, на наведеното ново барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-338 од 23.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Е.М., нотар од Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Е.М., нотар од Велес во врска со ова Барање на 08.04.2015 година до Комисијата достави допис бр. 0302-3/1 од 25.03.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-338.
Во дописот, меѓу другото, е наведено дека „Постапувајќи (по Новото барање) согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во благовремен рок на 12.03.2015 година донесов Решение бр.0302-2/1 со кое одлучив по Барањето на барателот и истото го доставив со препорачана пратка на ден 18.03.2015 година“. Во прилог на дописот, до Комисијата е доставена фотокопија од наведеното Решение со кое Е. М., нотар од Велес го одбива Барањето на Љ.Р. од Велес. Во образложението на Решението е наведено дека „Нотарот, по разгледување на Барањето утврди дека Барањето е неосновано од причини што бараната информација не е информација од јавен карактер согласно член 3 став 2 од ЗСПИЈК, а бараните исправи-изјави содржат лични податоци и давањето на бараната информација…би претставувало повреда на заштитата на личните податоци утврдена во член 5 и 6 од Законот за заштита на личните податоци“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Е.М., нотар од Велес не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувањето по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер. Согласно член 17 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, доколку Е.М., нотар од Велес сметала дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој Закон и поради тоа не може да го разгледува барањето, била должна да донесе Решение со кое Барањето ќе го отфрли.
Комисијата и укажува на Е.М., нотар од Велес дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци е должна да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето.
Пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010)“е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Во случајот, основ за одбивање на пристапот до бараните информации не може првенствено да биде Законот за заштита на личните податоци, туку основ за одбивање на пристапот може да бидат само исклучоците наведени во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку, пак, Е.М., нотар од Велес, утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Е.М., нотар од Велес треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Листа на актуелни корисници на концесии за експлоатација на минерални суровини во Република Македонија со следните податоци:
-Име на концесионерот
-Дата на склучување на договорот и негово времетраење
-Локалитет и општина на концесијата
-Вид на минерална суровина предмет на концесијата
-Висина на надоместокот за користење на концесијата“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-336 на 11.03.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 06.02.2015
година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-305/2 до Министерството за економија, со кое побарало фотокопија, по пошта или преку е-маил да му се достават следните информации:
„1.Листа на актуелни корисници на концесии за експлоатација на минерални суровини во Република Македонија со следните податоци:
-Име на концесионерот
-Дата на склучување на договорот и негово времетраење
-Локалитет и општина на концесијата
-Вид на минерална суровина предмет на концесијата
-Висина на надоместокот за користење на концесијата“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-336 од 12.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија на 08.04.2015 година до Комисијата достави допис “Произнесување по доставената жалба заведен под број 24-2195/2 од 20.03.2015 година а во Комисијата под број 08-336.
Во прилог на дописот Министерството ги достави бараните информации.
На 16.03.2015 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Министерство за економија од причини што во меѓувреме добило одговор од имателот на информации, но со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Колку осигуреници користеле бањски третман на лекување во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-343 на 20.03.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 17.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер доФондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побарал во фотокопија и електронски запис, по пошта и преку е-маил да му ја достават следната информација:
„1. Колку осигуреници користеле бањски третман на лекување во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-343 од 24.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија не одговори на дописот од Комисијата.
На 16.04.2015 година, Г.Л. од Кочани преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија од причини што во меѓувреме добил одговор од имателот на информации.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ Колку пари се исплатени за операции и испитувања на осигуреници во странство во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-345 на 20.03.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 17.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побарал во фотокопија и електронски запис, по пошта и преку е-маил да му ја достават следната информација:
„Колку пари се исплатени за операции и испитувања на осигуреници во странство во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-345 од 24.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија до Комисијата достави Известување УПП Број:10-105, 106 и 107, заведено во Комисијата под бр.08-345 на 16.04.2015 година, во кое е наведено дека „Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапи по барањата за пристап до информации од јавен карактер…поднесени од Центарот за истражувачко новинарство Скуп-Македонија и до барателот ги достави бараните информации…“.
На 16.04.2015 година, Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп-Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија од причини што во меѓувреме добил одговор од имателот на информации.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Колку осигуреници се испратени за лекување во странство во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година, над 60 години старост?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-344 на 20.03.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г. Л. од Кочани на 17.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побарал во фотокопија и електронски запис, по пошта и преку е-маил да му ја достават следната информација:
„1. Колку осигуреници се испратени за лекување во странство во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година, над 60 години старост?“
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-344 од 27.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија до Комисијата достави Известување УПП Број:10-105, 106 и 107, заведено во Комисијата под бр.08-344 на 16.04.2015 година, во кое е наведено дека „Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапи по барањата за пристап до информации од јавен карактер…поднесени од Центарот за истражувачко новинарство Скуп-Македонија и до барателот ги достави бараните информации…“.
На 16.04.2015 година, Г.Л. од Кочани преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија од причини што во меѓувреме добил одговор од имателот на информации.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку чини еден ден престој во бањите и колкави средства на Фондот се исплатени во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-341 на 20.03.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 17.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побарал во фотокопија и електронски запис, по пошта и преку е-маил да му ја достават следната информација:
„Колку чини еден ден престој во бањите и колкави средства на Фондот се исплатени во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-341 од 24.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија до Комисијата достави Известување УПП Број:10-105, 106 и 107, заведено во Комисијата под бр.08-341 на 16.04.2015 година, во кое е наведено дека „Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапи по барањата за пристап до информации од јавен карактер…поднесени од Центарот за истражувачко новинарство Скуп-Македонија и до барателот ги достави бараните информации…“.
На 16.04.2015 година, Г.Л. од Кочани преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија од причини што во меѓувреме добил одговор од имателот на информации.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Колкав е капацитетот на бањите каде Фондот ги испраќа осигурениците?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-342 на 20.03.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 17.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побарал во фотокопија и електронски запис, по пошта и преку е-маил да му ја достават следната информација:
„1. Колкав е капацитетот на бањите каде Фондот ги испраќа осигурениците?“
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-342 од 27.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија не одговори на дописот на Комисијата.
На 16.04.2015 година, Г.Л. од Кочани преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија од причини што во меѓувреме добил одговор од имателот на информации.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 април 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Колку осигуреници се испратени за лекување во странство во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-340 на 20.03.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочанина 17.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер доФондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побаралво фотокопија и електронски запис, по пошта и преку е-маил да му ја достават следната информација:
„1. Колку осигуреници се испратени за лекување во странство во 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година?“
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-340 од 27.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија до Комисијата достави Известување УПП Број:10-105, 106 и 107, заведено во Комисијата под бр.08-340 на 16.04.2015 година, во кое е наведено дека „Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапи по барањата за пристап до информации од јавен карактер…поднесени од Центарот за истражувачко новинарство Скуп-Македонија и до барателот ги достави бараните информации…“.