ДОНЕСЕНИ 14 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 97-та седница одржана на 30 декември 2014 година, донесе 14 решенија и 3 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014),на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„1.Листа на медиуми (печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала маркетинг кампањата „за промоција на можноста за субвенционирање на кредити за купување на стан или изградба на куќа“, за што договор бил склучен со фирмата РЕПУБЛИКА ДООЕЛ Скопје на 24.01.2012 година.
2.Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно.“СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-789 на14.10.2014 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии ија ОДБИ како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 03.09.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии заведено во Министерството на 04.09.2014 година под бр.03-29890/1, со кое побарала по пошта или по е-маил да и достават препис или фотокопија од следната информација:
“1.Листа на медиуми (печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала маркетинг кампањата „за промоција на можноста за субвенционирање на кредити за купување на стан или изградба на куќа“, за што договор бил склучен со фирмата РЕПУБЛИКА ДООЕЛ Скопје на 24.01.2012 година.
2. Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно“.
Министерството за финнасии, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-789 од 20.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансиии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на 06.11.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-29890/3 од 04.11.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-789. Во прилог на Одговорот достави допис насловен до М.Ј. бр.03-29890/2 од 03.10.2014 година. Во Одговорот насловен до М.Ј. се наведува дека: „Имајќи го предвид предметот на склучениот Договор за вршење на услуга – креирање и реализација на медиумска кампања за субвенционирање на кредити за купување на стан или изградба на куќа, склучен на ден 24.01.2014 помеѓу Министерството за финансии и Република ДООЕЛ, обврската за организација на емитување на кампањата во медиумите (печатени, електронски и веб портали) е обврска на носителот на набавката согласно со склучениот договор.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека РЕПУБЛИКА ДООЕЛ Скопје, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не е имател на информации со тоа што нема јавни овластувања.
Комисијата поради наведеното не може да го задолжи Министрерството за финансии да го препрати Барањето до РЕПУБЛИКА ДООЕЛ Скопје, бидејќи не е имател на информации, а исто така, Комисијата не може да го задолжи Министерството за финансии да ви ја достави бараната информација бидејќи, бараната информација ја создал и со истата располага РЕПУБЛИКА ДООЕЛ Скопје.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В. Ј. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014),на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Општина Велес,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„1.На чие име гласи и 2. Која лозинка мојот дел од оставинската распределба од 2010 год. на имотот на татко ми на веб страницата www.veles.gov.mk“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-805 на 02.12.2014 година, изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Општина Велес ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.Ј. од Велес, на 05.11.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес заведен во Општината под бр.25-8215/1, со кое побарала по пошта или по е-маил да и достават препис или фотокопија од следната информација:
“1.На чие име гласи и 2. Која лозинка мојот дел од оставинската распределба од 2010 год. на имотот на татко ми на веб страницата www.veles.gov.mk“.
Општина Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање достави Одговор на Барање бр.25-8215/2 од 10.11.2014 година.
В.Ј. од Велес, незадоволна од наведениот Одговор до Општина Велес достави Повторно Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Општината под бр.25-8391/1 од 12.11.2014 година, со кое бара да и се одговори прецизно, потполно и точно на бараните информации од барањето за пристап до информации од 05.11.2014 година предмет бр.25-8215/1.
Општина Велес во врска со наведеното Барање до В.Ј. достави Одговор на повторно Барање бр.25-8391/2 од 20.11.2014 година.
Незадоволна од наведените Одговори, В.Ј. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-805 од 02.12.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Велес на 15.12.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.25-8215/5 од 11.12.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-805. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот на Општината се наведува дека: „..Општина Велес до барателот достави одговор на повторно барање за пристап до информации од јавен карактер заведен под бр.25-8391/2 во кој на барателот му ја објаснува постапката на издавање на лозинки на даночните решенија и укажува на законската регулатива за заштита на личните податоции даночна тајна која дозволува пристап единствено до податоци кои се однесуваат лично на барателот, но не и на други лица. Одговорот е констатиран со Записник бр.25-8391/3 од 20.11.2014 година и подигнат лично од барателот на истиот ден што е потврдено со доставница.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Велес не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да изготви Решение за одбивање во чие образложение ќе ги наведе причините за одбивањето, а кое ќе го содржи и спроведениот задолжителен тест на штетност, односно задолжителната постапка која ја спровел, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.“
При повторното постапување по предметот, Министерството за финансии треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014),на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„Која од општините во РМ моментално функционира со блокирана сметка, од кога е блокирана нивната сметка, како и колку општини имале блокирана сметка во изминатава 2013 година?“СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-797 на 25.11.2014 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В. С. од Скопје, на 30.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, со кое побарал по пошта или по е-маил да му достават фотокопија или електронски запис од следната информација:
“Која од општините во РМ моментално функционира со блокирана сметка, од кога е блокирана нивната сметка, како и колку општини имале блокирана сметка во изминатава 2013 година?“.
Министерството за финансии, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање, доставило Одговор по барање бр.03-37179/4 од 18.11.2014 година.
Незадоволен од наведниот Одговор, Влатко Стојановски од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-797 од 27.11.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансиии побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на 19.12.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-37179/6 од 13.12.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-797. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот на жалбата се наведува дека: „…Министерството за финансии не смее да дава податоци од причина што истото е обврзано врз основа на закон и подзаконски акти да ја чува тајноста на состојбата на трансакционите сметки, како и тајноста на податоците за сметките отворени во рамки на Трезорската сметка.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансиине постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да изготви Решение за одбивање во чие образложение ќе ги наведе причините за одбивањето, а кое ќе го содржи и спроведениот задолжен тест на штетност, односно задолжителната постапка која ја спровел, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.“
При повторното постапување по предметот, Министерството за финансии треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.И. од Штип, поднесена против Државен инспекторат за градежништво и урбанизам – Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.И. од Штип, поднесена против Државен инспекторат за градежништво и урбанизам – Општина Штип, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-793 од 06.11.2014 година, изјавена од Д.И. од Штип, поднесенапротив Државен инспекторат за градежништво и урбанизам – Општина Штип по предмет Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.И. од Штип, на 29.09.2014 година поднел Поднесок – Контрола на изградба на објект до Државен инспекторат за градежништво и урбанизам – Општина Штип, заведено во Општината под ИП I 22/14-342 од 29.09.2014 година со кој побарал„..Барам, Вие како надлежен орган да извршите надзор над примената на Законот за градење и да: 1.Ги проверите градежните одобренија и извршувањето на контролите врз извршеното градење од инвеститорот Д.Д.; 2. Со Решение да му наредите на инвеститорот Д. Д. да го санира градежниот простор и да ги заштити и обезбеди соседните не негови објекти и да ја плати досегашната штета предизвикана на сите соседни објекти; 3. Со Решение да му нареди на Д.Д. – инвеститор, да ја прекине работата се до санирање на просторот и обезбедување (потпорни ѕидови) на соседните постоечки објекти; 4. Да ги преземе и другите работи, согласно Вашите овластување дадени со Одредбите на Законот за градење; 5. При Вашиот увид и надзорот на просторот и објектот на улица „Стојан Милевски“ бр.15, сопственост на Д. Д., Ве молиме, по можност, да ги известите подносителите на овој Поднесок и да им доставите копија од Вашиот Записник и Решение“.
Д.И. од Штип на 13.11.2014 година поднел Жалба до Комисијата бр.07-793.
Во прилог на Жалбата го достави Известувањето Р.бр.09-46/14 од 23.09.2014 година од Државно правобранителство на Република Македонија, доставено до барателот.
Комисијата, со допис бр.07-793 од 06.11.2014 година, ја препрати Жалбата до Државен инспекторат за градежништво и урбанизам – Општина Штип и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам – Општина Штип на 05.12.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.22/14-342 од 27.11.2014 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Поднесокот од Д.И. од Штип, до Државен инспекторат за градежништво и урбанизам – Општина Штип, не е Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај,барателот нема поднесено барање за пристап до информации од јавен карактер, туку поднел Поднесок за Контрола на изградба на објект кој што не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и оттука и жалбената постапка не може да се спроведе согласно овој Закон.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е наведено дека: „Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Колку изнесува вкупниот долг на општините во РМ, како и колкав е долгот на секоја општина поединечно?“, во делот од Барањето кое се однесува на информацијата „Колкав е долгот на секоја општина поединечно?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.01.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-796 на 25.11.2014 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии на барателот да му ја достави бараната информација за делот од Барањето „Колкав е долгот на секоја општина поединечно?“, најдоцна до 20.01.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 31.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, заведено во Министерството под бр. 03-37180/1, со кое ја побарал следната информација:
„Колку изнесува вкупниот долг на општините во РМ, како и колкав е долгот на секоја општина поединечно?“.
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, до барателот доставило Одговор бр. 03-37180/4 од 18.11.2014 година „…со упатство податокот да го преземам од извештаите за јавен долг објавени на http://www.finance.gov.mk/mk/node/60. Но овде може да се најдат податоци за вкупниот јавен долг, како и за вкупниот долг на општините, ама не и за секоја поединечно“.
Незадоволен од добиениот Одговор, В.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-796 од 25.11.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 03-37180/6 од 01.12.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-796 на 15.12.2014 година.
Во Одговорот на жалба, меѓу другото, е наведено дека „…податоците за долгот на општините претставуваат нивни матични податоци, кои до Министерството за финансии се доставуваат како финални за понатамошни пресметки како дел од јавниот долг на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии во целост не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“. Според член 70 став 3 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) „Контрола на материјалното и финансиското работење на општината врши Министерството за финансии“. Слични надлежности за Министерството за финансии произлегуваат и од Законот за извршување на буџетите.
Во случајов, секоја општина поединечно до Министерството за финансии е должна да достави податоци за своето материјално и финансиско работење, а Министерството за финансии е должно истите да ги обработи во форма на Годишен извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија. Од наведеното произлегува дека Министерството за финансии располага со информацијата која е наведена во Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од В.С. од Скопје, но истата не ја посредувала до него, туку го упатила на својата веб-страница, на која таквите податоци не се ставени.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Адвокатското друштво Китановски од Скопје, застапувано од адвокат Т.К. од Скопје, поднесена против ВИП оператор ДООЕЛ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Адвокатското друштво Китановски од Скопје, застапувано од адвокат Т.К. од Скопје, поднесена против ВИП оператор ДООЕЛ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„Листинг за телефонски броеви од дојдовни повици на тел. бр. 078/355-013“,
СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-806 на04.12.2014 година, изјавена од Адвокатското друштво Китановски од Скопје, застапувано од адвокат Т.К. од Скопје, поднесена против ВИП оператор ДООЕЛ Скопје , ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Адвокатското друштво Китановски од Скопје на 11.11.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ВИП оператор ДООЕЛ Скопје, со кое ја побарало следната информација:.
„Листинг за телефонски броеви од дојдовни повици на тел. бр. 078/355-013“.
ВИП оператор ДООЕЛ Скопје, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање на 27.11.2014 година до барателот доставил Одговор на барање без број од 25.11.2014 година.
Незадоволно од добиениот Одговор, Адвокатското друштво Китановски од Скопје, застапувано од адвокат Т.К. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-806 од 09.12.2014 година, ја препрати Жалбата до ВИП оператор ДООЕЛ Скопје побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ВИП оператор ДООЕЛ Скопје на 26.12.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.09-5048/1 од 25.12.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-806. Во Одговорот на жалба се наведува дека: „Ниту Вип оператор, ниту било кој друг оператор во Република Македонија не обезбедува услуга на приказ т.е. листинг на дојдовни повици кон одредени претплатници, ниту пак постои законска основа за издавање на вакви податоци кон поединечни претплатници…Ваквата поставеност на законските обврски околу издавање на детална сметка е резултат на фактот што законодавецот ја дефинирал деталната сметка како средство за „овозможување и проверка и контрола на трошоците за обезбедена услуга“ (член 101 од ЗЕК), а не како средство за идентификација на дојдовни повици и лични податоци на претплатници…ВИП оператор издава листинзи за дојдовни повици само кон овластени државни органи, во постапка и по барање утврдени со закон…Поради тоа оваа апликација не е наменета за давање на услуги на поединечни претплатници и истата потпаѓа под исклучоците утврдени во член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ВИП оператор ДООЕЛ Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должен е да изготви Решение за одбивање, во чие Образложение ќе ги наведе причините за одбивањето. Образложението на Решението треба да го содржи и спроведениот тест на штетност, задолжителна постапка која ја спровел согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
При повторното постапување по предметот, ВИП оператор ДООЕЛ Скопје треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.С. од Скопје, поднесена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.С.од Скопје, поднесена против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 51-8881/2 од 13.11.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 51-8881/2 од 13.11.2014 година СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-802 на 28.11.2014 година, изјавена од Ј.С. од Скопје, поднесена против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 51-8881/2 од 13.11.2014 година, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
Како што се наведува во Жалбата, Ј.С. од Скопје на 16.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, заведено под бр.51-8881/1, со кое ја побарал следната информација:.
„Списокот на податоци за претпријатијата во кои Република Македонија се јавува како доминантен сопственик на капиталот, доставен до Агенцијата за вработување на Република Македонија со допис бр.51-2342/1 од 07.03.2014 година, а согласно член 8 од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата до доминантна сопственост на државата“.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање донел Решение бр. 51-8881/2 од 13.11.2014 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација.
Незадоволен од добиеното Решение, Ј.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-802 од 02.12.2014 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со барањето на Комисијата, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија достави Одговор на жалба бр. 51-8881/6 од 16.12.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-802 на 17.12.2014 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Побараната информација од јавен карактер претставува материјал кој е разгледуван на седница на Владата на Република Македонија и истиот е определен со степен на тајност – „интерно“…по задолжително спроведениот тест на штетност…беше утврдено дека со објавувањето на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, од причина што бараната информација е во врска со постапка што се води пред друг надлежен орган, согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост…Со оглед дека побараната информација претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност – „интерно“, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија одлучи како во диспозитивот на Решението…“.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 51-8881/2 од 13.11.2014 година и другите списи во врска со предметот, и по извршениот увид во архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека оспореното Решение на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во врска со наведениот предмет правилно ја утврдил фактичката состојба и правилно ги применил одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, постапувајќи Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата („Службен весник на РМ“ бр.33/2014) Владата го обезбедила списикот со податоците за претпријатијата во кои Република Македонија е доминантен сопственик на капиталот и го доставила до Агенцијата за вработување. Истиот, по разгледувањето на седница на Владата на Република Македонија е означен со степен на тајност „интерно“ и претставува исклучок од слободниот пристап до информациите од јавен карактер, наведен во член 6 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, имателот на информацијата правилно го спровел задолжителниот тест на штетност, предвиден во член 6 став 3 од истиот Закон, утврдувајќи дека евентуалното давање на бараната информација ќе има значителна штетна последица по работењето на државните органи, односно ќе му нанесе значителна повреда на заштитениот интерес, за на крајот да се утврди дека штетата која би се нанела на заштитената цел е поголема од јавниот интерес кој би се постигнал со откривање на информацијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот за прекинивање на постапката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10553/4 од 25.11.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10553/4 од 25.11.2014 година СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-37 од 10.12.2014 година, изјавена од А.Т. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поднесена против Заклучокот за прекинивање на постапката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10553/4 од 25.11.2014 година ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.Т. на 28.02.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од кое побарала по пошта да и биде доставена следната информација:
„Дали во Катастарот на шуми што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го водело согласно чл. 90 од Законот за шумите (Сл. Весник на СРМ 20/74, 15/86, 51/88, 20/90) и (Сл. Весник на РМ 37/91, 44/91, 83/92) е евидентирана шума на КП 554 пл. 4 ск. 3 КО Морани – Скопје, место викано Трница во периодот од 1991 год. до 1997 год. Кој вид на шума била запишана во Катастарот на шумите за КП 554 пл. 4 ск. 3 КО Морани – Скопје, место викано Трница во периодот од 1991 до 1997 год. и кој стопанисувал со неа?“.
По ова Барање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до А.Т. доставило Одговор на барање бр. 02-6751/4 од 07.03.2013 година.
Незадоволна од добиениот одговор, А.Т. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-37 од 26.03.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер до Комисијата достави два дописа со бр.02-12277/4 од 12.04.2013 година, заведени во Комисијата првиот на 23.04.2013 година, а вториот на 30.04.2013 година, во прилог на кои покрај одговорот на Жалба се содржани и фотокопии од одговори кои се доставени до барателот на информации, во кои детално е образложена постапката по предметното Барање.
Службеното лице за посредување со информациите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја извести Комисијата дека одговорно лице од Министерството телефонски ја контактирало А.Т. и ја повикало да изврши увид во сите документи кои се однесуваат на нејзиното Барање. Истата не се јавила да изврши увид во закажаниот термин.
Службеното лице во Комисијата, кое постапува по предметот, исто така, телефонски ја контактираше А.Т., на која и беа понудени фотокопии од добиените дописи и одговори од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. А.Т. не дојде во просториите на Комисијата. Понудените и подготвени дописи на 11.06.2013 година ги подигна од Комисијата нејзиниот застапник Филип Ѓурчиновски.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе Заклучок со кој ја прекина постапката по Жалбите изјавени од А.Т..
Против наведениот Заклучок на Комисијата, А.Т. од с.Драчево-Скопје поднела Тужба до Управниот суд У-5 бр. 688/2013 на 18.06.2013 година.
Управниот суд, со Пресуда У-5 бр.688/2013 од 11.09.2014 година ја уважил Тужбата, оспорениот Заклучок го поништил и на тужениот орган му укажа „…да оцени дали имателот на информацијата согласно одредбите од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја има бараната информација во целост и во бараната форма и доколку истата ја нема да го задолжи да постапи согласно член 18 од законот…„“.
Комисијата постапи согласно укажувањата на Управниот суд наведени во Пресудата У-5 бр.688/2013 од 11.09.2014 година и на 27.10.2014 година донесе Решение со кое Жалбата на А.Т. од Скопје ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Постапувајќи по наведеното Решение на Комисијата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донело Заклучок бр.02-10553/4 од 25.11.2014 година, со кој ја прекинува постапката по Барањето на А.Т. од Скопје поради, како што се наведува во Образложението на истиот “Согласно чл. 90 став 1 од Законот за шумите…беше предвидено Министерството…да установи и да води катастар на шуми. Меѓутоа во Министерството не е установен и не се води катастар на шуми, заради што ова Министерство не располага со бараната информација“.
Незадоволна од добиениот Заклучок, А.Т. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-37 на 10.12.2014 година.
Комисијата, со допис бр.07-37 од 15.12.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 02-10553/8 од 23.12.2014 година, заведено во Комисијата под бр. 07-37 на 26.12.2014 година. Во Произнесувањето по жалба, меѓу другото, е наведено дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува на наводите во оспорениот Заклучок, односно „…не располага со бараната информација. Доколку Комисијата…смета дека треба да ги потврди наводите изнесени во Заклучокот, Министерството е подготвено да ја стави на увид документацијата со која располага“.
По разгледувањето на Жалбата, Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.02-10553/4 од 25.11.2014 година за прекинување на постапката и другите списи во врска со предметот и по извршениот увид во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата утврди дека оспорениот Заклучок на Министерството е правилен и врз закон заснован, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Со оглед на тоа што се работело за информација која не ја создало, ниту пак располагало со истата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство правилно постапило согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и ја прекинало постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Л. од Велес, поднесена против Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа -Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Л. од Велес, поднесена против Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа –Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6 /2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-795 од 24.11.2014 година, изјавена од А.Л. од Велес, поднесена против Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа -Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.Л. од Велес, на 06.11.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа -Велес и побарал по пошта да му достават увид, препис, фотокопија од следната информациија:
“Записник од направен увид на лице место во домот на А.Л. а во врска со Решение 09-1466-1 од 17.07.2014 за одбивање на помош и нега од друго лице со кој е утврдена вистинската состојба. Записник и Одлука за стручна комисија со која истата е формирана да решава во прв степен, се работи за информација од јавен карактер.“
Од списите на предметот Комисијата утврди дека А.Л. од Велес, на 06.11.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа -Велес, а во Комисијата поднел Жалба на 24.11.2014 година, што значи дека Жалбата е поднесена пред истекот на рокот за постапување по барањето. Согласно чл.21 став 1 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер: “имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето“. Во конкретниот случај, барањето е поднесено на 06.11.2014 година што е видно од доставницата во прилог на Жалбата, што зачаи дека рокот од 30 дена истекува на 06.12.2014 година. Жалба до Комисијата се поднесува по истекот на законскиот предвиден рок. Поради наведеното, Жалбата на имателот е предвремена.
Поради погоре изложеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата и Дополнувањето на Жалбата изјавени од К.К. од Скопје, поднесени против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер за дел од Барањето наведен под точка 3 и 4 СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Владата на Република Македонија заведен под број 51-6591/3 од 24.11.2014 година, за дел од Барањето под точка 1 и 2 и СЕ ПОТВРДУВА.
За дел од Барањето наведен под точка 5 во Заклучокот, Жалбата се усвојува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ги разгледа Жалбата бр. 07-749 од 12.09.2014 година и Дополнувањето на Жалбата заведено под бр. 07-749 на 09.12.2014 година, изјавени од К.К. од Скопје, поднесени против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и во делот наведен во Барањето под точка 3 и 4 ги ОДБИ како неосновани, во делот наведен под точка 5 во Заклучокот бр.51-6591/3 од 24.11.2014 година на Владата на Република Македонија го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, а за делот од Барањето наведен под точка 1 и 2 го потврди како правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, К.К. од Скопје на 07.08.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Макдонија, со кое побарала да и бидат доставени во фотокопија, по пошта, следните информации:
“ Во врска со Огласот за пријавување на интерес за ангажирање на лица за раководни позиции-I.ДИПЛОМАТИЈА-Претставник на Република Македонија во Поткомитетот за превенција од тортура при Обединетите нации, Ве молам да ми ги доставите следните документи:
1.Одлука за формирање на Комисија која одлучува за изборот на Претставникот на Република Македонија во Поткомитетот (состав на Комисијата)
2.Одлука донесена од страна на Комисијата со која го избрала Претставникот на Република Македонија во Поткомитетот (заедно со нејзиното образложение, а потпишана од претседателот и/или членовите на Комисијата)
3.Допис упатен до Обединетите нации (Sekretary-General.c/o. Office of the Highs Commissioner for Human Rights, United Nationis Office at Geneva,1211 Geneva 10, Switzerland) со кој се номинира Претставникот на Република Македонија во Поткомитетот)
4.Е-маил упатен до Обединетите нации (to: ybabuzhina@ohchr.org.cc:fnegreche@ohschr.org) со кој се номинира Претставникот на Република Македонија во Поткомитетот
5. Биографија на номинираниот Претставник на Република Македонија во Поткомитетот?.
Во врска со наведеното Барање, Владата на Република Македонија до барателот на 24.11.2014 година доставила Известување, заведено под број 51-6591/5.
Во Известувањето е наведено: “Во врска со Вашето барање под точка 1 и 2, стручните служби утврдија дека Генералниот секретаријат не располага со бараните информации….Во врска со барањето под точка 5, Генералниот секретаријат смета дека во конкретниот случај не станува збор за информација од јавен карактер, согласно член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Воедно побараната информација од точка 5 подлежи на заштита на личните податоци согласно закон. Во однос на барањето под точка 3 и 4, согласно содржината на истите, произлегува дека потенцијален имател на бараните информации е Министерството за надворешни работи…Вашето барање во однос на овие точки го препративме на надлежност и постапување до наведеното министерство согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до инфорации од јавен карактер.“
Во прилог на Известувањето до барателот Владата на Република Македонија доставила и Заклучок за прекинување на постапката заведен под број51-6591/3 од 24.11.2014 година.
Незадоволна од погоре наведеното Известување и Заклучокот за прекинување на постапката, К.К. од Скоје на 09.12.2014 година до Комисијата достави Дополнување на Жалба заведена под број 07-749.
По разгледувањето на Жалбата, Заклучокот на Владата на Република Македонија и другите списи во врска со предметот, Комисијата делот од Барањето наведен во Заклучокот на Владата на Република Македонија бр.51-6591/3 од 24.11.12014 година во однос на точките 1 и 2 од Барањето го потврди, а во однос на точката 5 го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата укажува, дека доколку имателот се повикува на исклучок од слободниот пристап, треба да постапи согласно член 20 став 2 од Законот, односно да донесе Решение за одбивање на пристапот со образложение и спроведен тест на штетност. Исто така, во Заклучокот Владата погрешно го цитира член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до инфорации од јавен карактер, не водејќи сметка за измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер објавени во „Службен весник“ бр.6/2010 година. Во останатиот дел Заклучокот е правилен и врз закон заснован.
Во однос на делот од барањето наведен во точка 3 и 4, Комисијата ја одби Жалбата како неоснована поради тоа што Владата правилно постапила и го препратила Барањето согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-801 на 28.11.2014 година, изјавена од Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Како што се наведува во Жалбата, Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје на 16.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика заведено во Министерството под број 14-8504/1, со кое побарал по пошта, во препис да му се достави следната информација:
„Списокот на податоци за претпријатијата во кои Република Македонија се јавува како доминантен сопственик на капиталот доставен до АВРМ од Владата на РМ со допис бр.51-2342/1 од 07.03.2014 година, а согласно член 8 од Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата?“.
По ова Барање, Министерството за труд и социјална политика не одговорило во законски предвидениот рок, поради што барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-801 од 02.12.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави два меила:
Во меилот доставен на 10.12.2014 година, Министерството наведува: “Во врска со Жалбата бр.07-801 од 02.12.2014 година поднесена од Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје, Ве известуваме дека Одговорот на Ј.С. му е доставен на 09.12.2104 година.“
Во меилот доставен до Комисијата на 15.12.2014 година, насловен како “Одговор на барање“ до Ј.С. е наведено: “Во врска со Вашето барање за слободен пристап до информации од јавен карактер Министерството за труд и социјална политика Ве известува: Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година (“Службен весник на РМ“ бр.33/14) списокот со податоци за претпријатијата кои во Република Македонија се јавува како доминантен сопственик на капиталот, го обезбедува Владата на Република Македонија од надлежните институции и го доставува до Агенцијата за вработување во рок од 15 дена од денот на влегување во сила на овој закон“.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
При повторното постапување по предметот, Министерството за труд и социјална политика е должно во целост да постапи по Барањето согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку Министерството за труд и социјална политика смета дека не е имател на бараните информации, а знае кој е имател, должно е да постапи согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и веднаш да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот
Во Одговорот до барателот е наведено дека “списокот со податоци…го обезбедува Владата на Република Македонија од надлежните институции и го доставува до Агенцијата за вработување…“ од што произлегува дека Министерството за труд и социјална политика знае кој е имател на бараната информација.
Доколку при повторното постапување Министерството за труд и социјална политика утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да изготви Решение за одбивање во чие образложение ќе ги наведе причините за одбивањето, а кое ќе го содржи и спроведениот задолжителен тест на штетност, односно задолжителната постапка која ја спровел, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Доколку, пак, Министерството за труд и социјална политика утврди дека бараниот документ, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје, поднесена против Решението бр.03-1257/2 од 04.11.2014 година на Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Доставување на списокот на податоци за претпријатијата во кои Република Македонија се јавува како доминантен сопственик на капиталот доставен со допис бр.51-2342/1 од 07.03.2014 година, а согласно член 8 од Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, СЕ УВАЖУВА.
СЕ ПОНИШТУВА оспореното Решение бр.03-1257/2 од 04.11.2014 на Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба, и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата доставена преку Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба, број1257/2 на 20.11.2014 година, заведена во Комисијата под бр.07-798 на 26.11.2014 година, изјавена од од Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје, поднесена против Решението бр.03-1257/2 од 04.11.2014 на Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба, ја УВАЖИ, оспореното Решение го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-1257/1 на 16.10.2014 година до Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба, со кое во препис, по пошта побарал да му ја достават следната информација:
„Доставување на списокот на податоци за претпријатијата во кои Република Македонија се јавува како доминантен сопственик на капиталот доставен со допис бр.51-2342/1 од 07.03.2014 година, а согласно член 8 од Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата “.
Во врска со наведенпто Барање, Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба на 04.11.2014 година донела Решение за одбивање на пристап заведено под број 03-1257/2.
Во образложението на Решението е наведено: “…Агенцијата…го разгледа Вашето Барање….со одредбите од членот 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е утврдено дека информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности. Согласно горенаведеното, бараната информација ја создал односно ги има списоците и со истите располага Владата на Република Македонија…“
Незадоволен од донесеното Решение, Ј.С. од Долно Лисиче-Скопје на 20 ноември 2014 година доставил Жалба до Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба, заведена во Агенцијата под број 03-1257/2.
Во Жалбата покрај другото се наведува и следново. “…Со просто читање на одредбата и споредување со образложението на побиваното Решение, не само правник и секој обичен лаик би се запрашал зошто е одбиено Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер на жалителот кога и самиот првостепен орган утврдил дека се исполнети условите кои се предвидени во членот 6 став 3 во кој е наведено дека кога овие услови ќе бидат исполнети имателите на информации ќе одобрат пристап до информацијата нејасно е зошто првостепениот орган погрешно ги цитира одредбите од членот 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер!? Така во пасус 3 од образложението на побиваното решение наведено е следното : Додека со одредбите од членот 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е уредено дека информацијата од ја вен карактер е информација во било која форма која ја создал и со која располага само имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“. Меѓутоа изворно законската одредба од членот 3 став 1 алинеја 2 гласи: “информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.“ Ова значи дека за да ја издаде бараната информација имателот на информацијата е доволно да располага со истата согласно неговите надлежности, а не мора истата да ја создал како што неправилно наведува првостепениот орган во образложението на обжаленото решение.“ .
Наведената Жалба, Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба на 26.11.2014 година ја достави до Комисијата и истата е заведена под број 07-798.
Во прилог на Жалбата, Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба ги достави сите списи во врска со предметот а истовремено го достави и Одговорот на Жалба заведен под број 03-1257/4 од 21.11.2014 година.
Во Одговорот е наведено: “Со членот 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата (“СЛ. Весник на РМ бр.33/2014) се уредува дека списикот со податоците за претпријатијата во кои Република Македонија е доминантен сопственик на капиталот го обезбедува Владата на Република Македонија од надлежните служби и го доставува до Агенцијата за вработување на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на влегување во сила на овој закон…Според наше мислење, носител и давател на информацијата е институцијата која е извор на информацијата, а тоа во конкретниот случај е Владата на Република Македонија, а не Агенцијата за вработување на Република Македонија. Агенцијата за вработување на Република Македонија располага со списокот, но тој се користи исклучиво како доказен материјал во евентуално поведените постапки за остварување на право на паричен надоместок на невработените лица и не е во можност да оцени дали истиот е од јавен карактер или не “
На 15.12.2014 година, барателот поднесе Ургенција до Комисијата заведена под број 07-798.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба дека, доколку бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должен е да изготви Решение за одбивање, во чие Образложение ќе ги наведе причините за одбивањето. Образложението на Решението треба да го содржи и спроведениот тест на штетност, задолжителна постапка која ја спровел согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
При повторното постапување по предметот, Агенцијата за вработување на Република Македонија-Централна служба треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје на барателот да му ги достави бараните информации:
“1. Кои услуги од областа на сексуално и репродуктивно здравје ги нудите како пристапни за:
-Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?
2. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се лесно читливи за лица со интелектуална попреченост?
3. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се подготвени на Брајово писмо?
4. Дали низ ходниците има насоки, знаци за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
5. Дали во лифтовите има звучни сигнали (гласовни) за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
6. Дали има пристапна рампа и лифт во целата зграда/болница?
7. Дали има гинеколошки стол кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)?
8. Дали има мамограф кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)/мамограф кој се спушта на висина на количката за да лицето не мора да биде исправено при снимањето?
9. Дали има обучен тим (сестри, гинеколози, акушери, психолози, анестезиолози…) за комуницирање и работа со:
– Лица со интелектуална попреченост?
– Лица со физичка попреченост?
– Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
– Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?” најдоцна до 20 јануари 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-482 на 16.06.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 20 јануари 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, на 08.05.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје, со кое побарало по е-маил или по пошта да му ги достават следните информации:
“1. Кои услуги од областа на сексуално и репродуктивно здравје ги нудите како пристапни за:
-Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?
2. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се лесно читливи за лица со интелектуална попреченост?
3. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се подготвени на Брајово писмо?
4. Дали низ ходниците има насоки, знаци за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
5. Дали во лифтовите има звучни сигнали (гласовни) за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
6. Дали има пристапна рампа и лифт во целата зграда/болница?
7. Дали има гинеколошки стол кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)?
8. Дали има мамограф кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)/мамограф кој се спушта на висина на количката за да лицето не мора да биде исправено при снимањето?
9. Дали има обучен тим (сестри, гинеколози, акушери, психолози, анестезиолози…) за комуницирање и работа со:
– Лица со интелектуална попреченост?
– Лица со физичка попреченост?
– Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
– Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?”
ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-482 од 25.06.2014 година, ја препрати Жалбата до ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје не одговори ниту на барањето на Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по извршените анализи и консултации со соодветните институции, приватни и јавни, констатира дека ПЗУ “Болница Плодност” Битола, ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје и ПЗУ “Моја болница” Скопје се иматели на информации од јавен карактер и истите ги додаде во листата на иматели на информации.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер” е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности. Согласно член 10 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информации е должен да ја информира јавноста за информациите кои произлегуваат од неговата надлежност и работа.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ “Болница Плодност” Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ “Болница Плодност” Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ПЗУ “Болница Плодност” Битола на барателот да му ги достави бараните информации:
“1. Кои услуги од областа на сексуално и репродуктивно здравје ги нудите како пристапни за:
-Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?
2. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се лесно читливи за лица со интелектуална попреченост?
3. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се подготвени на Брајово писмо?
4. Дали низ ходниците има насоки, знаци за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
5. Дали во лифтовите има звучни сигнали (гласовни) за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
6. Дали има пристапна рампа и лифт во целата зграда/болница?
7. Дали има гинеколошки стол кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)?
8. Дали има мамограф кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)/мамограф кој се спушта на висина на количката за да лицето не мора да биде исправено при снимањето?
9. Дали има обучен тим (сестри, гинеколози, акушери, психолози, анестезиолози…) за комуницирање и работа со:
– Лица со интелектуална попреченост?
– Лица со физичка попреченост?
– Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
– Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?” најдоцна до 20 јануари 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-485 на 16.06.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ “Болница Плодност” Битола, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ПЗУ “Болница Плодност” Битола на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 20 јануари 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, на 08.05.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ПЗУ “Болница Плодност” Битола, со кое побарало по е-маил или по пошта да му ги достават следните информации:
“1. Кои услуги од областа на сексуално и репродуктивно здравје ги нудите како пристапни за:
-Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?
2. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се лесно читливи за лица со интелектуална попреченост?
3. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се подготвени на Брајово писмо?
4. Дали низ ходниците има насоки, знаци за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
5. Дали во лифтовите има звучни сигнали (гласовни) за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
6. Дали има пристапна рампа и лифт во целата зграда/болница?
7. Дали има гинеколошки стол кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)?
8. Дали има мамограф кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)/мамограф кој се спушта на висина на количката за да лицето не мора да биде исправено при снимањето?
9. Дали има обучен тим (сестри, гинеколози, акушери, психолози, анестезиолози…) за комуницирање и работа со:
– Лица со интелектуална попреченост?
– Лица со физичка попреченост?
– Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
– Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?”
ПЗУ “Болница Плодност” Битола, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-485 од 25.06.2014 година, ја препрати Жалбата до ПЗУ “Болница Плодност” Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ПЗУ “Болница Плодност” Битола не одговори ниту на барањето на Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по извршените анализи и консултации со соодветните институции, приватни и јавни, констатира дека ПЗУ “Болница Плодност” Битола, ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје и ПЗУ “Моја болница” Скопје се иматели на информации од јавен карактер и истите ги додаде во листата на иматели на информации.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ПЗУ “Болница Плодност” Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер” е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности. Согласно член 10 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информации е должен да ја информира јавноста за информациите кои произлегуваат од неговата надлежност и работа.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,
“1. Кои услуги од областа на сексуално и репродуктивно здравје ги нудите како пристапни за:
-Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?
2. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се лесно читливи за лица со интелектуална попреченост?
3. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се подготвени на Брајово писмо?
4. Дали низ ходниците има насоки, знаци за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
5. Дали во лифтовите има звучни сигнали (гласовни) за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
6. Дали има пристапна рампа и лифт во целата зграда/болница?
7. Дали има гинеколошки стол кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)?
8. Дали има мамограф кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)/мамограф кој се спушта на висина на количката за да лицето не мора да биде исправено при снимањето?
9. Дали има обучен тим (сестри, гинеколози, акушери, психолози, анестезиолози…) за комуницирање и работа со:
– Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?” поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-487 на 16.06.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, поднесена против ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје на 08.05.2014 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје со кое побарало по е-маил или по пошта да му ги достават следните информации:
„1. Кои услуги од областа на сексуално и репродуктивно здравје ги нудите како пристапни за:
-Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?
2. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се лесно читливи за лица со интелектуална попреченост?
3. Дали имате информативни материјали, брошури за сексуално и репродуктивно здравје кои се подготвени на Брајово писмо?
4. Дали низ ходниците има насоки, знаци за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
5. Дали во лифтовите има звучни сигнали (гласовни) за лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
6. Дали има пристапна рампа и лифт во целата зграда/болница?
7. Дали има гинеколошки стол кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)?
8. Дали има мамограф кој е пристапен за лица со физичка попреченост (лица во количка)/мамограф кој се спушта на висина на количката за да лицето не мора да биде исправено при снимањето?
9. Дали има обучен тим (сестри, гинеколози, акушери, психолози, анестезиолози…) за комуницирање и работа со:
– Лица со интелектуална попреченост?
-Лица со физичка попреченост?
-Лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)?
-Лица со оштетен слух (глуви и наглуви)?“
ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-487 од 25.06.2014 година, ја препрати Жалбата до ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје не одговори на барањето на Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по извршените анализи и консултации со соодветните институции, приватни и јавни, констатира дека ПЗУ “Болница Плодност” Битола, ПЗУ Поликлиника Медика Плус Скопје и ПЗУ “Моја болница” Скопје се иматели на информации од јавен карактер и истите ги додаде во листата на иматели на информации.
Здружението на граѓани “Х.Е.Р.А.” – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, на 27.08.2014 година, до Комисијата достави е-маил во кој наведува дека ги добиле бараните информации и се задоволни од истите.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ПЗУ Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија “Моја болница” Скопје постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба и дополнувањето на Жалба изјавени од Здружението на граѓани „КХАМ“-Делчево, застапувано од Зекир Абдулов, извршен директор на Здружението, против ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата и дополнувањето на Жалба изјавени од Здружението на граѓани „КХАМ“-Делчево, застапувано од Зекир Абдулов, извршен директор на Здружението, против ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Дали се спроведени едукации за зачувување и унапредување на здравјето, конкретно за ромската популација во општините Делчево, Виница и Берово и на кои теми?
2. Број на опфатени Роми со едукациите за зачувување и унапредување на здравјето заклучно со 30.06.2014 во наведените општини поединечно за секоја?
3. Колку од опфатените Роми со спроведените едукации се мажи, колку жени, поединечно за секоја наведена општина ?
4. На која возраст се лицата кои биле опфатени со едукацијата за зачувување и унапредување на здравјето, поединечно за секоја наведена општина?“ поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-800 на 27.11.2014 година и дополнувањето на Жалба бр.07-800 од 04.12.2014 година, изјавени од Здружението на граѓани „КХАМ“-Делчево, застапувано од З.А., извршен директор на Здружението, против ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани „КХАМ“-Делчево, на 22.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани, со кое побарало во препис, по пошта да му ја достави следната информација:
„1. Дали се спроведени едукации за зачувување и унапредување на здравјето, конкретно за ромската популација во општините Делчево, Виница и Берово и на кои теми?
2. Број на опфатени Роми со едукациите за зачувување и унапредување на здравјето заклучно со 30.06.2014 во наведените општини поединечно за секоја?
3. Колку од опфатените Роми со спроведените едукации се мажи, колку жени, поединечно за секоја наведена општина ?
4. На која возраст се лицата кои биле опфатени со едукацијата за зачувување и унапредување на здравјето, поединечно за секоја наведена општина?“
ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање на 13.11.2014 година доставило Одговор до Здружението на граѓани НВО „КХАМ“ Делчево.
Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението на граѓани НВО „КХАМ“ Делчево поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-800 од 15.12.2014 година, ја препрати Жалбата ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани на 23.12.2014 година до Комисијата достави допис Доставување на податоци по жалба бр.689 од 22.12.2014 година. Во прилог на дописот го достави Одговорот на Барањето.
Здружението на граѓани НВО „КХАМ“ Делчево на 23.12.2014 година до Комисијата достави е-маил со кој ја известува Комисијата дека добиле одговор од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани и дека се задоволни од истиот.
Врз основа на списите од предметот, Комисијата утврди дека ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани постапил по Барањето на барателот и доставил одговор до барателот, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради горенаведеното , Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 30 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, против Собранието на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копија од Буџетот на Собранието на РМ за 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година по ставки“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-809 на 10.12.2014 година, изјавена од Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, против Собранието на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, на 06.11.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Собранието на Република Македонија, со кое ја побарало следната информација:.
„ Копија од Буџетот на Собранието на РМ за 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година по ставки.“
Жалбата до Комисијата е доставена на 10.12.2014 година, а на 12.12.2014 година, Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“ до Комисијата достави Известување за повлекување на Жалбата во кое е наведено: ..“одговорот од Собрание во врска со кој до вас поднесовме жалба пред два дена, вчера ни е доставен по пошта …поради тоа ја повлекуваме Жалбата.“.
Поради горенаведеното , Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.