Библиотеката својата дејност  ја врши преку:
-информативно- позајмното одделение кое на читателите им го издава расположливиот библиотечен фонд;
 -одделот за класификација и систематизација го обработува целокупниот книжен фонд според меѓународните стандарди за библиотечно работење;
 – континуирано дополнување на книжниот фонд со стручен, азбучен и друг вид каталози;
– одделот периодика располага со весници и списанија и посебен специфичен фонд на монографски публикации;
– располага со родокраен оддел во кој се чуваат монографски публикации, периодични списанија и разновиден библиотечен материјал од гевгелиските автори;
– располага со  примероци од небибилиотечен материјал (плакати, покани, каталози), како и со две персонални библиографии и неколку наслови од гевгелиски автори.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 034 213-366 и  034 211-564