НУ Универзитетска библиотека „Климент Охридски„-Битола преку повеќето сектори врши:
– поттикнување на корисниците за негување на навиките и техниката за читање, како и на подигање на општата култура на читањето како приоритет на современото општество;
– ги следи интересот и потребите на корисниците и соодветно на тоа врши набавка на нови изданија;
– врши автоматизирано позајмување на библиотечниот фонд, нуди информации  за достапноста на бараната книга која може да се добие во Библиотеката и преку Интернет;
– обработка на монографски и периодочни публикации врши стручна обработка на библиотечниот материјал, со изработка на  библиографско-каталожен опис на монографските публикации според меѓународни стандарди;
– подготовка и реализирање на стручни и научни проекти согласно план-програма;.
– ажурирање на периодичниот материјал со цел воведување и автоматизирано позајмување на истиот;
-истражува, проучува и врши избор на граѓа за вклучување во роднокрајна библиографија (тековна, ретроспективна и специјална);
– Континуирано следење на издавачката продукција во земјата и светот, континуирана набавка на монографски и периодични публикации, набавка на друг непечатен библиотечен материјал (аудио и видео касети, CD ромови и разни други носители на слика и звук).
-врши меѓународна соработка, преку примање и распределување на библиотечниот материјал по вид и јазик, подготвување и применување современи методи и стандарди за подобрување и рационализација на работата во секторот.
-организира и овозможува постојана размена на публикации со другите високошколски установи во земјата и странство за библиотеките од факултетите коишто тоа не го работаат самостојно;
– заштита на библиотечниот материјал преку повеќе активности за спречување и отстранување на физичките, биолошките, хемиските нега-тивни процеси и влијанија врз истиот.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 047 220-208