Библиотеката својата дејност ја врши преку:
-информативно- позајмното одделение кое на читателите им го издава расположливиот библиотечен фонд;
-одделот за класификација и систематизација го обработува целокупниот книжен фонд според меѓународните стандарди за библиотечно работење;
– континуирано дополнување на книжниот фонд со стручен, азбучен и друг вид каталози;
– одделот периодика располага со весници и списанија и посебен специфичен фонд на монографски публикации;
– располага со родокраен оддел во кој се чуваат монографски публикации, периодични списанија и разновиден библиотечен материјал од гевгелиските автори;
– располага со примероци од небибилиотечен материјал (плакати, покани, каталози), како и со две персонални библиографии и неколку наслови од гевгелиски автори.
Подетални информации можете да добиете на телефоните: 034 213-366 и 034 211-564