Дејноста и надлежностите на средното образование произлегуваат од Законот за средното образование.

– средното образование е задолжително за секој граѓанин и е бесплатно во јавните средни училишта;
– се остваруваат планови и програми за гимназиско и стручно образование;
– дејноста е од јавен интерес и се врши како јавна служба;
– воспитно-образовната дејност во средното училиште се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, а за припадниците на националностите се изведува на јазикот и писмото на националностите на начин и под услови утврдени со закон;
– во приватните училишта наставата може да се изведува и на странски јазик;
– државно училиште основа Владата на РМ, приватно може да основа домашно и странско правно лице, а општинско односно училиште на град Скопје може да основа единица на градската управа само за средно стручно образование;
– средното училиште може да отпочне со работа откога Министерството  ќе донесе решение за верификација;
– со плановите и програмите за воспитно-образовната дејност се утврдуваат целите и задачите, содржината, видот и траењето на образованието во јавните и приватните училишта, како и профилот на кадарот кој ја реализира програмата;
– плановите и програмите за јавните училишта ги изготвува Бирото за развој на образованието, а ги донесува министерот;
– истите можат да ги предложат и училиштата, претпријатијата, установите и други правни лица за задоволување на нивните посебни потреби (преквалификации, доквалификации и сл.);
– работата на средните училишта во текот на учебната година се утврдува со годишна програма;
– ја донесува училишниот одбор на предлог на наставничкиот совет;

Средното образование се остварува преку планови и програми за:
– гимназиско образование;
– стручно образование;
– средно уметничко образование;
– средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
– во гимназиското образование може да се реализира и програма за меѓународна матура за што согласност дава министерот;
– програмата е со иста важност како и гимназиското образование.