Собранието на Република Македонија како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката:
– го донесува и изменува Уставот на Република Македонија;
– донесува закони и дава автентично толкување на законите;
– ги утврдува јавните нарачки;
– донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;
– ратификува меѓународни договори;
– одлучува за војна и мир;
– донесува одлуки за менување на границите на Републиката;
– донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
– распишува референдум;
– одлучува за резервите на Републиката;
– основа совети;
– избира Влада на Република Македонија;
– избира судии на Уставниот суд на Република Македонија;
– врши избор и разрешување на судии;
– врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон;
– врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието; 
– донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци;
– врши други работи утврдени со Уставот.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3112-255