Претседателот на Република Македонија во делокругот на своите овластувања ги има следните надлежности:
– го определува мандатарот за состав на Владата;
– ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на     Република Македонија во странство;
– ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
– предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;
– предлага двајца членови на Републичкиот судски совет;
– именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;
– именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
– доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
– дава помилувања во согласност со закон и
– го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно;
– претседател е на Советот за безбедност на Република Македонија.
– потпишува Укази за прогласување на законите;
– склучува меѓународни договори во името на Република Македонија;
– претседателот на Република Македонија е врховен командант на  Армијата;
– врши и други работи утврдени со Уставот и законите на РМ.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3113-318; 02 3112-147