Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ги врши работите што се однесуваат на:
– обезбедува континуирано спроведување на меѓународните стандарди и нормативи во преземањето на мерките и активностите за заштита на класифицираните информации;
– вршење контрола на начинот на којшто се чуваат и заштитуваат класифицираните информации коишто РМ им ги има отстапено на користење на странски држави и меѓународни организации, како и надлежностите коишто се однесуваат на учеството на РМ во евроатлантските структури и иницирањето склучување на меѓународни договори;
– останати надлежности коишто се однесуваат на развивање планови за заштита на класифицирани информации во вонредни состојби, како и обука на корисниците на класифицираните информации преку организирање на разни советувања, семинари и поединечни консултации;
– врши координација на активностите во обезбедувањето заштита на класифицираните информации со државните органи и институциите кои вршат размена на класифицирани информации со странски држави и меѓународни организации;

– учествува во изготвување на планови и програми на Република Македонија за членство во меѓународни организации од областа за обезбедување заштита на класифицираните информации;
– предлага мерки за унапредување на заштитата на класифицирани информации;
– покренува иницијативи за склучување меѓународни договори со странски држави и меѓународни организации од областа на размената на класифицирани информации;
– врши други работи утврдени со Законот за класифицирани информации и друг закон.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3299-820