Бирото за јавни набавки ги врши следниве работи:

– иницира предлози за донесување на законски и други акти од областа на јавните набавки до министерот за финансии,

– го следи и анализира спроведувањето на законот и другите прописи за јавни набавки, функционирањето на системот на јавните набавки и иницира промени за подобрување на системот на јавните набавки,

– дава мислења во врска со одредбите и примената на овој закон,
– обезбедува совети и дава помош на договорните органи и економските оператори,
– подготвува модели на тендерска документација и модели на формулари за постапките регулирани со овој закон,
– води единствена евиденција на договорите за јавни набавки и истата ја одржува и ажурира и ја прави достапна до јавноста преку ЕСЈН,
– го следи навременото доставување на податоци и оневозможува користење на ЕСЈН на корисниците кои не ги почитуваат своите обврски во однос на користењето на ЕСЈН
– презакажува електронска аукција во случај на техничка грешка, пад на ЕСЈН и по одлука на Државната комисија за жалби по јавни набавки,
– ги анализира образложенијата за неспроведување на електронска аукција  и доколку истите не се основани му укажува на договорниот орган за сторениот пропуст,
– предлага кодекс на однесување при спроведување на јавните набавки кој го донесува министерот за финансии,
– прибира, ги обработува и анализира податоците за јавни набавки и подготвува статистички извештаи,
– за констатираните неправилности од добиените известувања веднаш ги информира договорните органи, а по потреба и надлежните органи,
– утврдува минимални услови за професионалните квалификации за лицата кои вршат стручни работи за јавните набавки,
– организира и врши обука за едукација на службеници и на други стручни лица во врска со јавните набавки,
– управува и оперира со својата веб страница и Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН),
– изготвува инструкции како интерни упатства за подготовка и спроведување на едукацијата за јавни набавки и обуката за обучувачи за јавни набавки кои се објавуваат на неговата веб страница,
– задолжително ја отстранува објавената негативна референца на економски оператор врз основа на одлука на надлежен орган, спогодба со својство на извршна исправа помеѓу договорниот орган и носителот на набавка или на барање на договорниот орган придружено со изјава од лицето кое ја издало негативната референца дадена пред надлежен орган за сторена техничка грешка,
– ги анализира образложенијата за неприкачување на тендерска документација на огласот за јавна набавка  и доколку истите не се основани му укажува на договорниот орган за сторениот пропуст,
– соработува со меѓународните институции и други странски субјекти за работите поврзани со развојот на системот на јавните набавки,
– остварува меѓународна соработка во врска со системот на јавните набавки и ја планира и ја координира странската техничка помош на полето на јавните набавки,
– поднесува годишен извештај до Владата за неговите активности во функционирањето на системот на јавните набавки,
– дава упатства и изготвува прирачници и коментари на правилата за јавни набавки и издава електронски билтен и
– врши други работи утврдени со овој закон.

 

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3255-689; 02 3255-711; 02 3255-710;