ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 13 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 155-та седница одржана на 28 декември 2016 година донесе 8 решенија и 13 заклучоци.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-933/8 од 23.09.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Доставете ми го името на Законскиот акт, како и соодветната одредба (член) од истиот акт, како и бројот и годината на Службениот весник на Република Македонија, каде што истиот законски акт е излезен, а со кој е утврдено, на јасен и недвосмислен начин, дека граѓаните на Република Македонија се должни, задолжително да ја плаќаат јавната давачка од член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија (Сл.Весник на РМ бр.97/12) која гласи „Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија“ а во однос на член 68 став 1 алинеја 3 од Уставот на РМ кој гласи „Собранието на Република Македонија: – ги утврдува јавните давачки“, а во врска со член 33 од Уставот на РМ кој гласи „Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон“, а во смисла дека Правилата за снабдување со топлинска енергија, која Регулаторната комисија ги донесува врз основа на член 28 од Законот за енергетика (каде што не е предвидена истата јавна давачка), претставува подзаконски акт, а не Законски акт, како што налага Уставот, односно истите не се донесени од страна на Собранието, во форма на закон, односно Регулаторната комисија за енергетика на РМ, согласно своите надлежности, нема законодавна функција, односно Регулаторната комисија за енергетика на РМ не носи закони, а во однос на тоа дека Друштвото за снабдување со топлинска енергија „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ – Скопје, истата давачка, со целосен благослов од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, ја наплаќа од граѓаните на Република Македонија”, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-933/8 од 23.09.2016 година за прекинување на постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-172 на 07.10.2016 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Д.Ј. од Скопје, на 09.05.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија заведено под бр.09-933/1, со кое побарал по пошта да му достават фотокопија или препис од следната информација:
„1. Доставете ми го името на Законскиот акт, како и соодветната одредба (член) од истиот акт, како и бројот и годината на Службениот весник на Република Македонија, каде што истиот законски акт е излезен, а со кој е утврдено, на јасен и недвосмислен начин, дека граѓаните на Република Македонија се должни, задолжително да ја плаќаат јавната давачка од член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија (Сл.Весник на РМ бр.97/12) која гласи „Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија“ а во однос на член 68 став 1 алинеја 3 од Уставот на РМ кој гласи „Собранието на Република Македонија: – ги утврдува јавните давачки“, а во врска со член 33 од Уставот на РМ кој гласи „Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон“, а во смисла дека Правилата за снабдување со топлинска енергија, која Регулаторната комисија ги донесува врз основа на член 28 од Законот за енергетика (каде што не е предвидена истата јавна давачка), претставува подзаконски акт, а не Законски акт, како што налага Уставот, односно истите не се донесени од страна на Собранието, во форма на закон, односно Регулаторната комисија за енергетика на РМ, согласно своите надлежности, нема законодавна функција, односно Регулаторната комисија за енергетика на РМ не носи закони, а во однос на тоа дека Друштвото за снабдување со топлинска енергија „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ – Скопје, истата давачка, со целосен благослов од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, ја наплаќа од граѓаните на Република Македонија”.
На 11.05.2016 година Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, со допис бр.09-933/2, од барателот побарала дополнување на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Барателот по електронски пат доставил Одговор на 17.05.2016 година, заведен во Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија под бр.09-933/3 од 18.05.2016 година.
Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија до барателот доставила Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.09-933/4 од 14.06.2016 година.
Незадоволен од наведениот Одговор, Д.Ј. од Скопје на 20.06.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-172 од 22.06.2016 година.
Комисијата, со допис бр.08-172 од 29.06.2016 година ја препрати Жалбата до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 12.07.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба против Одговор на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.09-933/6 од 11.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-172 и сите списи во врска со предметот. Во Произнесувањето по жалбата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија навела дека: „…може да се утврди дека жалбата на жалителот е неоснована во целост, бидејќи како што е наведено и во самиот Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.09-933/4 од 14.06.2016 година, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија со Правилата за снабдување со топлинска енергија не утврдува никаква јавна давачка за граѓаните на Република Македонија, туку плаќање на надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, во колективните станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред и тоа само за правни и физички лица кои што се сопственици на станбени единици кои што припаѓаат на колективните станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти во кои се испорачува топлинска енергија, а не сите граѓани на Република Македонија…“.
Комисијата на 31.08.2016 година донесе Решение 08-172 со кое ја уважи Жалбата на Д.Ј. од Скопје и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија постапувајќи по Решението на Комисијата на 23.09.2016 година донела Заклучок со кој постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.09-933/1 од 09.05.2016 година на Д.Ј. од Скопје ја прекинува. Во Заклучокот се наведува: „… Согласно член 26 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“. Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија постапи по Решението бр.08-172 од 31.08.2016 2016 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и ја повтори постапката по Барањето. При повтореното постапување, имајќи го предвид укажувањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и бидејќи Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија со Правилата за снабдување со топлинска енергија не утврдува никаква јавна давачка за граѓаните на Република Македонија, туку плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, во колективните станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти каде распределбата на надоместок се врши преку еден колективен мерен уред и тоа само за правни и физички лица кои се сопственици на станбени единици кои што припаѓаат на колективните станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти во кои се испорачува топлинска енергија, а не сите граѓани на Република Македонија, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија утврди дека барањето бр.09-933/1 од 09.05.2016 година се однесува на информација со која Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија не располага“.
Незадоволен од наведениот Заклучок, Д.Ј. од Скопје на 07.10.2016 година, до Комисијата преку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија поднесе Жалба бр.09-933/9 од 03.10.2016 година, заведена во Комисијата под бр.08-172. Во прилог на Жалбата, Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија не ги достави списите по предметот и не се произнесе по Жалбата.
Комисијата, со допис Барање на списи бр.08-172 од 17.10.2016 година од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија побара да се достават сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на 02.11.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба против Заклучок бр.09-933/8 од 23.09.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-172 и сите списи во врска со предметот. Во Произнесувањето Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија наведува дека постапила по Решението бр.172 од 31.08.2016 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и по укажувањата на Комисијата донела Заклучок со кој ја прикинува постапката по Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија постапила согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.К. од Скопје, поднесена против Решението на Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.К. од Скопје, поднесена против Решението на Управата за јавни приходи бр.02-6516/2 од 11.11.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Поднесената Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за 2015 година за лицето И.М., претседател на Совет на Град Скопје“, СЕ ОДБИВА
Решението на Управата за јавни приходи бр.02-6516/2 од 11.11.2016 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-592 на 28.11.2016 година, изјавена од С.К. од Скопје, поднесена против Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-592 на 28.11.2016 година, С.К. од Скопје на 31.10.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи, заведено во Управата под бр.02-6516/1 на 01.11.2016 година, со кое побарала по пошта или е-пошта да и достават фотокопија или електронски запис од следната информација:
„Поднесената Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за 2015 година за лицето И.М., претседател на Совет на Град Скопје“.
Управата за јавни приходи до С.К. од Скопје доставила Решение број 02-6516/2 од 11.11.2016 година, со кое го одбила Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Во образложението на оспореното Решението е наведено дека “бараната информација спаѓа во информациите до кои пристапот може да биде одбиен од страна на имателот согласно член 6, став 1 точка 4 од ЗСПИЈК, односно дека е тоа информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка…односно податоците и информациите од даночна постапка подлежат на обврската за чување на даночна тајна согласно член 9 од Законот за даночна постапка… Управата за јавни приходи уште наведува дека го спровела тестот на штетност и притоа оценила дека последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата, односно дека објавувањето на информацијата би ја повредило обврската за чување на даночна тајна.
Незадоволна од наведеното Решение, С.К. од Скопје на 28.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-592 од 01.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 02-6516/4 од 12.12.2016 година, а во Комисијата заведено под бр. 08-592 на 14.12.2016 година. Во прилог на Произнесувањето достави Решение за одбивање на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.02-6516/2 од 11.11.2016 година.
Во Произнесувањето, Управата за јавни приходи наведува дека: „…Управата за јавни приходи има основ да ја исклучи обврската за чување на даночна тајна на кој се повикува барателот во жалбата, во членот 9 став 3 од Законот за даночна постапка, кога документ, факт и/или податок може да се изнесе во текот на даночна, прекршочна или судска постапка, меѓутоа овој основ може да се примени во случаи на поведена казнена постапка (прекршочна/кривична), што подразбира овластување на надлежен орган да ја поведе да ја води и да пристапи до информации и податоци од даночна постапка…Управата за јавни приходи и како контролор на збирки на лични податоци на физички лица има обврска податоците за физичките лица кои претставуваат личен податок да ги обработува во согласност со целите утврдени со закон, а тоа значи само за даночни цели и остварување на оданочувањето…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Управата за јавни приходи постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела решение за одбивање на барање за пристап до информации од јавен карактер, согласно член 6 став 1 точка 4 од наведениот закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Фотокопија од Пријавата за промена на податоци за текот на задолжително социјално осигурување – образец М3-а од 14.07.2015 год. за лицето К.А. вработен во ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани.
2. Фотокопија на Решение или друг акт врз основа на кој е извршена промената на податоците.
3. Фотокопија од Изјава или друг акт од ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани врз основа на кој од Агенцијата за вработување е превземено лицето Б.Д. од Вевчани за вработување на определено време од 3(три) месеци.
4. Фотокопија на Акт од Агенцијата за вработување врз основа на кој ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани може да склучи договор за вработување со лицето Б.Д. од Вевчани во период од 3 месеци“, во однос на точка 3 и точка 4 СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Струга на барателот да му ги достави бараните информации од точка 3 и точка 4 во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-565 на 28.10.2016 година, изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Струга на барателот да му ги достави бараните информации од точка 3 и точка 4 во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-565 на 28.10.2016 година, А.К. од Вевчани, на 28.09.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Струга, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следните информации:
„1. Фотокопија од Пријавата за промена на податоци за текот на задолжително социјално осигурување – образец М3-а од 14.07.2015 год. за лицето К.А. вработен во ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани.
2. Фотокопија на Решение или друг акт врз основа на кој е извршена промената на податоците.
3. Фотокопија од Изјава или друг акт од ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани врз основа на кој од Агенцијата за вработување е превземено лицето Б.Д. од Вевчани за вработување на определено време од 3(три) месеци.
4. Фотокопија на Акт од Агенцијата за вработување врз основа на кој ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани може да склучи договор за вработување со лицето Б.Д. од Вевчани во период од 3 месеци“.
Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Струга, на 12.10.2016 година по пошта до барателот доставил Одговор на барање бр. 03-84/2 од 07.10.2016 година, во прилог со: 1. Фотокопие од образец М3-а, 2. Фотокопие од Решение, 3. Фотокопие од повратница за прием.
Незадоволен од наведениот Одговор, А.К. од Вевчани поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата се наведува: „…Ако во моето Барање за пристап до информации од јавен карактер во точка 3 и точка 4 кои се однесуваат на акти од Агенцијата во кои можеби се содржат и лични податоци заштитени со Закон, тогаш зошто Агенцијата не постапила по член 7 од Законот за пристап до информации од јавен карактер…“.
Комисијата, со допис бр.08-565 од 31.10.2016 година, ја препрати Жалбата до Агенција за вработување на Република Македонија и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенција за вработување на Република Македонија на 11.11.2016 година до Комисијата достави допис Доставување списи бр.03-1830/2 од 09.11.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-565, во прилог со Одговор на жалба. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Со член 13 став 4 од Законот за работни односи, меѓудругото е уредено дека Агенцијата за вработување на Република Македонија е должна на барање на лицето да му издаде податоци за состојбата и промените во врска со социјалното осигурување на работникот. Во конкретниот случај, податоците кои ги бара лицето се лични податоци кои се заштитени и со Законот за заштита на лични податоци и нивното откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Согласно горенаведените одредби, Агенцијата за вработување на Република Македонија нема законски основ да дава податоци на други субјекти, освен на самите лица на кои се однесуваат тие податоци (или на нивни полномошници врз основа на посебно полномошно), и тоа само заради остварување на нивните права, па од тие причини, сметаме дека согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Центарот за вработување Струга постапил правилно давајќи одговор само на прашања кои се однесуваат на информации од јавен карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенција за вработување на Република Македонија не постапила во целост согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во однос на точка 1 и точка 2 од Барањето, Комисијата утврди дека Агенција за вработување на Република Македонија постапила согласно членот 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот ја доставила бараната информација, односно доставила фотокопија од Пријавата за промена на податоци за текот на задолжително социјално осигурување – образец М3-а од 14.07.2015 година за лицето К.А. вработен во ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани и фотокопија на Решение за промена на работниот однос од неопределено време со полно работно време на неопределено време со пократко од полното работно време и во жалбата на барателот е наведено дека истите ги примил со препорачана пратка.
Во однос на точка 3 и точка 4 од Барањето, Агенција за вработување на Република Македонија го одбил пристапот до бараната информација повикувајќи се на член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но не донела Решение за одбивање на пристапот со образложение и спроведување на тестот на штетност.
Комисијата укажува дека Барањето на барателот се однесува на изјава или акт од ООУ„Страшо Пинџур“ Вевчани и акт од Агенцијата за вработување, информации кои произлегуваат од надлежностите на имателите и се информации од јавен карактер. Доколку имателот смета дека истите содржат лични податоци, требало истите да ги прикријат и согласно член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да му овозможи делумен пристап на барателот.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ Пресметка на број на превезени патници на Македонски Железници Транспорт АД на вонредната линија Гегвелија – Табановце за месеците август 2015 година, септември 2015 година, октомври 2015 година, ноември 2015 година, декември 2015 година, јануари 2016 година, февруари 2016 година, март 2016 година, април 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-587 на 25.11.2016 година, изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ЗАДОЛЖИ Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, О.Ч. од Скопје на 18.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Македонски железници Транспорт АД-Скопје, со кое побарал по пошта, или преку е-маил, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Пресметка на број на превезени патници на Македонски Железници Транспорт АД на вонредната линија Гегвелија – Табановце за месеците август 2015 година, септември 2015 година, октомври 2015 година, ноември 2015 година, декември 2015 година, јануари 2016 година, февруари 2016 година, март 2016 година, април 2016 година“.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговориле во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-587 од 28.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Македонски железници Транспорт АД – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достават сите списи во врска со предметот.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје не одговорија на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Македонски железници Транспорт АД – Скопје не постапиле согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставиле бараната информација до барателот.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Пресметка на приходи на Македонски Железници Транспорт АД од продадени билети на вонредната линија Гевгелија – Табановце за месец август 2015 година, септември 2015 година, октомври 2015 година, ноември 2015 година, декември 2015 година, јануари 2016 година, февруари 2016 година, март 2016 година, април 2016 година.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-588 на 25.11.2016 година, изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ЗАДОЛЖИ Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достават бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, О.Ч. од Скопје на 18.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Македонски железници Транспорт АД-Скопје, примено во Македонски железници Транспорт АД – Скопје на 19.10.2016 година, со кое побарал по пошта, или преку е-маил, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Пресметка на приходи на Македонски Железници Транспорт АД од продадени билети на вонредната линија Гевгелија – Табановце за месец август 2015 година, септември 2015 година, октомври 2015 година, ноември 2015 година, декември 2015 година, јануари 2016 година, февруари 2016 година, март 2016 година, април 2016 година“.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговориле во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-588 од 28.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Македонски железници Транспорт АД – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достават сите списи во врска со предметот.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје не одговорија на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Македонски железници Транспорт АД – Скопје не постапиле согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставиле бараната информација до барателот.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Број на превезени патници на вонредната линија Гевгелија – Табановце од страна на Македонски Железници Транспорт АД во периодот август 2015 – април 2016 година, за секој ден одделно.“, СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-589 на 25.11.2016 година, изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, О.Ч. од Скопје на 18.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Македонски железници Транспорт АД-Скопје, примено во Македонски железници Транспорт АД – Скопје на 19.10.2016 година, со кое побарал по пошта, или преку е-маил, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Број на превезени патници на вонредната линија Гевгелија – Табановце од страна на Македонски Железници Транспорт АД во периодот август 2015 – април 2016 година, за секој ден одделно“.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговориле во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-589 од 28.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Македонски железници Транспорт АД – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достават сите списи во врска со предметот.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје не одговорија на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Македонски железници Транспорт АД – Скопје не постапиле согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставиле бараната информација до барателот.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Број на продадени билети на вонредната линија Гевгелија – Табановце од страна на Македонски Железници Транспорт АД во периодот август 2015 – април 2016 година, за секој ден одделно.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-590 на 25.11.2016 година, изјавена од О.Ч. од Скопје, поднесена против Македонски железници Транспорт АД-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ЗАДОЛЖИ Македонски железници Транспорт АД-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, О.Ч. од Скопје на 18.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Македонски железници Транспорт АД-Скопје, примено во Македонски железници Транспорт АД – Скопје на 19.10.2016 година, со кое побарал по пошта, или преку е-маил, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Број на продадени билети на вонредната линија Гевгелија – Табановце од страна на Македонски Железници Транспорт АД во периодот август 2015 – април 2016 година, за секој ден одделно“.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговориле во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-590 од 28.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Македонски железници Транспорт АД – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достават сите списи во врска со предметот.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје не одговорија на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Македонски железници Транспорт АД – Скопје не постапиле согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставиле бараната информација до барателот.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 дeкември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Решението бр.1005-1680/3 од 21.11.2016 година на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен бр.1005-1680 од 21.10.2016 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-598 на 29.11.2016 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Решението бр.1005-1680/3 од 21.11.2016 година на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје, на 21.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со кое побарал по пошта да му се достави препис или фотокопија од следната информација:
“1. Во врска со донесено решение под бој 0804-45 од 23.09.2016 година по жалба од МЕМА КОМ ДООЕЛ Скопје (во врска со откуп на зпз) барам да ме известите кај кој задолжен државен службеник бил распределен предметот пред да стави потпис И.Б. како претседател на Државната комисија која одлучува како колегијално тело.
2. Ако постои записник за одлучување и гласање на конкретниот предмет, барам да ми го доставите истиот во копија (иако нема потреба да појаснувам, Ве известувам дека овие податоци ми се потребни заради евентуално поведување на кривична постапка)“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен донела Решение за одбивање на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер заведен под бр.1005-1680/3 од 21.11.2016 година.
Незадоволен од донесеното Решение, С.С. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-598 од 01.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на 16.12.2016 година до Комисијата достави “Доставување одговор на жалба со списи бр.1005-1680/5 од 13.12.2016 година“, заведено во Комисијата под бр.08-598. Во прилог го достави Тестот за штетност заведен под бр.1005-1680/2 од 21.11.2016 година и Решението за одбивање на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер заведен под бр.1005-1680/3 од 21.11.2016 година. Во Решението се наведува дека: “…При постапување по барањето, а имајќи го предвид член 3 став 1 алинеа 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државната комисија изготви тест за штетност со кој ги провери последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на информацијата. 1. По однос на првото барање- име и презиме на службеникот кај кој бил распореден предметот пред државната комисија да одлучи по истиот, барањето се одбива бидејќи истиот претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци, согласно член 6 став 1 точка 2 и точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. По однос на второто барање барањето се одбива согласно член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ….ако информацијата се однесува на информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последници за текот на постапката. Во овој случај, барањето се однесеува на прибавување информација која е стекната/составена за спроведување на управна постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката. “
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучокот од слободниот пристап до информации наведен во член 6 став 1 точка 2 и точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност наведен во член 3 став 6 од истиот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-334 од 19.09.2016 година и бр.08-334 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-334 од 19.09.2016 година и бр.08-334 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-334 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-334 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-334. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/25 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-334. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-334 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-334. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/14 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-334 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-335 од 19.09.2016 година и бр.08-335 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-335 од 19.09.2016 година и бр.08-335 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-335 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-335 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/24 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-335. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/24 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-335. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-335 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-335. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/25 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-335 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-336 од 19.09.2016 година и бр.08-336 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се без родителска грижа, а кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-336 од 19.09.2016 година и бр.08-336 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-336 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се без родителска грижа, а кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-336 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/23 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-336. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/23 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-336. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-336 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-336. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/22 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 27.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-336, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-337 од 19.09.2016 година и бр.08-337 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се без родителска грижа, а кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-337 од 19.09.2016 година и бр.08-337 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-337 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се без родителска грижа, а кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-337 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/22 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-337. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/22 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-337. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-337 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-337. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/24 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-337 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-338 од 19.09.2016 година и бр.08-338 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се во конфликт со законот, а кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-338 од 19.09.2016 година и бр.08-338 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-338 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се во конфликт со законот, а кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-338 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/21 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-338. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/21 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-338. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-338 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-338 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-339 од 19.09.2016 година и бр.08-339 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се во конфликт со законот, а кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-339 од 19.09.2016 година и бр.08-339 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-339 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои се во конфликт со законот, а кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-339 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/20 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-339. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/20 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-339. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-339 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-339. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/21 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-339 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-340 од 19.09.2016 година и бр.08-340 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на улица на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-340 од 19.09.2016 година и бр.08-340 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-340 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на улица на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-340 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/19 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-340. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/19 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-340. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-340 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-340. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/20 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-340 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-341 од 19.09.2016 година и бр.08-341 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на улица на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-341 од 19.09.2016 година и бр.08-341 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-341 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на улица на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-341 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/18 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-341. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/18 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-341. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-341 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-341. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/19 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-341 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-342 од 19.09.2016 година и бр.08-342 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади Роми на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-342 од 19.09.2016 година и бр.08-342 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-342 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади Роми на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-342 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/17 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-342. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/17 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-342. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-342 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-342. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/18 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-342 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-343 од 19.09.2016 година и бр.08-343 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади Роми на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-343 од 19.09.2016 година и бр.08-343 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-343 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади Роми на возраст од 15 до 30 години кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-343 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/16 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-343. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/16 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-343. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-343 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-343. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/17 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-343 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-344 од 19.09.2016 година и бр.08-344 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои употребуваат психоактивни супстанции кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите бр.08-344 од 19.09.2016 година и бр.08-344 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-344 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои употребуваат психоактивни супстанции кои се корисници на социјална парична помош во 2014 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-344 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/15 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-344. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/15 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-344. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-344 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-344. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/16 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-344 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-345 од 19.09.2016 година и бр.08-345 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои употребуваат психоактивни супстанции кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите бр.08-345 од 19.09.2016 година и бр.08-345 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-345 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е вкупниот број млади на возраст од 15 до 30 години кои употребуваат психоактивни супстанции кои се корисници на социјална парична помош во 2015 година во цела Република Македонија?“.
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-345 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/14 од 12.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-345. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/14 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-345. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-345 од 05.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/25 од 19.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-345. Во Известувањето е наведено дека по Жалбите бр.08-334, 08-335, 08-337, 08-336… од 05.12.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/15 од 14.12.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-345 на 22.12.2016 година, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку Х.Ј. извршен директор на ХОПС, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку средства прибрани од наплата на акцизи за етил алкохол/чист алкохол Министерството за финансии префрлило на соодветната сметка на Министерството за здравство во рамки на трезорската сметка во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (од 01.01.2016 до 30.06.2016 година)? (Напомена: Износите да бидат наведени за секоја година поодделно. Дополнително, завршната сметка на буџетот на РМ не го содржи аналитички приказ на одделните приходи во рамки на генеричкото конто акцизи, затоа повикувањето на Завршната сметка нема да се смета за одговор на ова барање)“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-470 на 26.09.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, на 22.08.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 03-587/1 до Министерството за финансии, примено во Министерството на 23.08.2016 година и заведено под бр.03-4784/1со кое побарало по пошта или по е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Колку средства прибрани од наплата на акцизи за етил алкохол/чист алкохол Министерството за финансии префрлило на соодветната сметка на Министерството за здравство во рамки на трезорската сметка во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (од 01.01.2016 до 30.06.2016 година)? (Напомена: Износите да бидат наведени за секоја година поодделно. Дополнително, завршната сметка на буџетот на РМ не го содржи аналитички приказ на одделните приходи во рамки на генеричкото конто акцизи, затоа повикувањето на Завршната сметка нема да се смета за одговор на ова барање)“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Министерството за финансии до Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје доставило Известување за препраќање на предмет во надлежност бр.03-4782/5 од 15.09.2016 година, заведено во Здружението под бр.03-585/2 на 20.09.2016 година, со кој го известило Здружението дека Барањето е препратено до Царинската управа на Република Македонија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволно од добиеното Известување од Министерството за финансии, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-470 од 04.10.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.10.2016 година, Министерството за финансии до Комисијата достави Известување бр.03-5945/2 од 19.10.2016 година заведено во Комисијата под бр.08-470. Во Извесутвањето се наведува дека: „…Министерството за финансии со допис бр.03-5350/4 од 14.10.2016 година до барателот ги достави бараните информации.“ Во прилог на Известувањето го достави дописот насловен до Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје бр.03-5350/4 од 14.10.2016 година.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата, во кој се наведува дека добиле оговор за бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.