ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 156-та седница одржана на 11 јануари 2017 година донесе 4 решенија.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.З. од Велес, поднесена против извршител К.Т. – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.З. од Велес, поднесена против извршител К.Т. – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Да ми ги доставите Документите од И.бр.757/13, – Нотарско Решение, Тужба и Налог за Извршување во најкус можен рок“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА извршителот К.Т. – Велес на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-569 на 04.11.2016 година, изјавена од М.З. од Велес, поднесена против извршител К.Т. – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ извршителот К.Т. – Велес на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-569 на 04.11.2016 година, М.З. од Велес поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до извршител К.Т. – Велес, со кое ја побарала следната информација:
„Да ми ги доставите Документите од И.бр.757/13, – Нотарско Решение, Тужба и Налог за Извршување во најкус можен рок“.
Извршителот К.Т., како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-569 од 10.11.2016 година, ја препрати Жалбата до извршителот К.Т. и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Извршителот К.Т. до Комисијата достави Одговор на жалба, заведен во Комисијата под бр. 08-569 на 23.11.2016 година. Во Одговорот извршителот К.Т. наведува дека: „…Должничката по налогот за извршување по извршниот предмет Ибр.757/13 приговарала до Претседателот на Основен суд Велес и истиот има донесено решение ППНИ бр.10/14 од 12.02.2014 година со кое се отфрла приговорот како ненавремен. Потоа должничката М.З. изјавила и жалба до Апелационен суд Скопје…Должничката имаше поднесено и тужба до Управен суд…сметам дека должничката изнесува невистини, видно од доказите Решение ППНИ и Решение ГЖ е дека таа ги искористила сите права кои и следуваат согласно законот, со тоа што се донесени решенијата ППНИ и ГЖ значи дека била извршена уредна достава и дека не се точни наводите во жалбата изјавена од нејзина страна до Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека извршителот К.Т. не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во конкретниот случај, извршителот К.Т., постапувајќи согласно Законот за извршување, на 17.01.2014 година изготвил Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка И.бр.757/13. Наведениот документ, извршителот К.Т. бил должен да го изготви врз основа на документите наведени и во Барањето за пристап до информации од јавен карактер од М.З. од Велес, што значи дека тој ги поседувал тие документи, а не му ги направил достапни на барателот на информации.
Согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, извршителот К.Т., како вршител на јавни овластувања, бил должен да го информира барателот на информации за информациите, односно документите кои произлегуваат од неговата надлежност и работа.
Поради горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид во документацијата на поседовен лист бр.2468 на КО Велес и да ми се издаде фотокопија на поседовен лист бр.2468, како и фотокопии на решение, договор и др. за формирање на поседовниот лист бр.2468 на КО Велес и друго по извршениот увид“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-603 на 21.12.2016 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес на 26.11.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес и ја побарал следната информација:
„Увид во документацијата на поседовен лист бр.2468 на КО Велес и да ми се издаде фотокопија на поседовен лист бр.2468, како и фотокопии на решение, договор и др. за формирање на поседовниот лист бр.2468 на КО Велес и друго по извршениот увид“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес до Б.П. од Велес доставила Известување бр.11-24-02/2016 од 05.12.2016 година.
Незадоволен од добиеното Известување, Б.П. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-603 од 22.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес на 04.01.2017 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.11-24-03/2016 од 26.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр. 08-603. Во Произнесувањето по жалба Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес наведува дека по Барање на барателот за пристап до информации од јавен карактер е оформен предмет бр. 1103-676/2014 год. на 20.10.2014 год. за увид и фотокопија на поседовен лист бр.2468 КО Велес, како и увид и фотокопија на правен основ во врска со истиот. На 29.10.2014 год. е овозможен увид на списи…Б.П., како подносител на Барањето побара дополнителен доказ…со која органот не располага…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…е донесен Заклучок за прекинување на постапката…По однос на доставената Жалба од Б.П. од страна на Комисијата…е донесено Решение бр.07-808 од 13.02.2015 год. со кое Жалбата се одбива… Поради погоренаведеното, подносителот на Барањето е известен дека за истите списи е овозможен увид и фотокопија…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес, го известила барателот на информацијата дека веќе постапила согласно неговото Барање за пристап до информации од јавен карактер, но направила превид во рокот на неговото поднесување. Согласно член 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информации го известува барателот на информацијата „…ако по Барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од шест месеци пред денот на приемот на Барањето“.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес, на исто или слично Барање од барателот Б.П. од Велес одговорила на 29.10.2014 година, односно пред повеќе од шест месеци од приемот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Б.П. од Велес од 26.11.2016 година. Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес била должна по Барањето од Б.П. од Велес од 26.11.2016 година да постапи на начин и во форма наведени во истото, без разлика дали исто или слично Барање е поднесено од истиот барател пред шест месеци од неговото поднесување.
Комисијата и укажува на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес и на следното:
Доколку Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес не ја создала, или не располага со бараната информација, како пред така и во периодот по шест месеци од Барањето од Б.П. од Велес, по кое „…е оформен предмет бр. 1103-676/2014 год….“, била должна да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Одделение за катастар на недвижности – Велес е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Податоци за бројот на вработени во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола. Дополнето со податоци за систематизација, односно за секое работно место посебно што постои, колку вработени има и колкава нето – плата добиваат?“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-583 на 21.11.2016 година, изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, Н.С., на 03.10.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
“Податоци за бројот на вработени во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола. Дополнето со податоци за систематизација, односно за секое работно место посебно што постои, колку вработени има и колкава нето – плата добиваат?“
Постапувајќи по наведеното Барање, ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, како што е наведено во Жалбата, до Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, преку е маил доставила Одговор на барање од 08.11.2016 година.
Незадоволна од добиениот Одговор, Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-583 од 23.11.2016 година, ја препрати Жалбата до ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-7776/1 од 01.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-583 на 02.12.2016 година. Во Одговорот на жалба меѓу другото наведува дека: “…Видно од одговорот даден од страна на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, во целост е одговорено на барањето. Имено, даден е податок како за бројот на вработени, така и за висината на нето платата согласно работните места по основ на степен на образование, со напомена дека истата се зголемува согласно Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје…Сметаме дека АД Електрани на Македонија во државна сопственост, Скопје, целосно одговорил на барањето на Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, а согласно обврските кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и до барателот доставила одговор.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ“ бр.124/2015), на седницата одржана на 11 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-600 на 05.12.2016 година, изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер И ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.К. од Куманово истата ја поднесува поради “…причината поради која не е добиена информацијата за Комората е тоа што во неманоста не ја достави преку имател од објавен Закон….“.
Комисијата, со допис бр.08-600 од 13.12.2016 година, ја препрати Жалбата до М.К. од Куманово и побара согласно член 39 од Законот за општата управна постапка да ја дополни Жалбата поради тоа што истата е нејасна и непрецизна и не може да постапи по истата.
М.К. од Куманово, на 27.12.2016 година, достави меил до Комисијата кој исто така е нејасен и неразбирлив.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека М.К. од Куманово во врска со поднесената Жалба не постапил согласно дописот на Комисијата и не ја дополнил и преуредил Жалбата, односно истата е нејасна и неразбирлива и поради тоа ја отфрли како недопуштена.
Поради наведеното, а согласно член 109 од Законот за општа управна постапка, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.